Author: Zoran Ivanov
Околу 60 луѓе, меѓу кои и 20 деца, биле убиени во вчерашен израелски удар врз станбен комплекс во Техеран, објави иранската државна телевизија.
Во Лос Анџелес продолжуваат веројатно најголемите протести во мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп. Луѓето во и околу калифорниската метропола и натаму демонстрираат против строгата имиграциска политика на Трамп и против државната служба за имиграција – ИЦЕ. Иако повеќето протести се мирни, Трамп прво ја испрати Националната гарда во Лос Анџелес, а потоа и засилување од околу 700 маринци.
Оваа најнова операција е дел од серијата спектакуларни мисии на Мосад кои датираат од пред повеќе од 60 години.
Поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Србија, Кристофер Хил, не очекува САД да се мешаат во решавањето на проблемите на Балканот, вклучително и спорот меѓу Косово и Србија, како што правеше во минатото.
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Саол Паоло: Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во развој, соопшти владата на Бразил.
Еве ги резултатите од истражувањето на мојата агенција Офаманамантинк: Не е остварено ништо. Нула, како бројка. Нула, како процент. Нула, во сите облици и содржини.
Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра.
Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно ќе излеза на протестен „Марш за ангелите“.
Иранските вооружени сили вечерва собориле два израелски борбени авиони „Ф-35“ за време на масовниот израелски воздушен напад врз Техеран и други цели во земјата, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека не е позната судбината на пилотите.
Иран истрела стотици балистички ракети против Израел по досега невиден директен напад врз неговите нуклеарни постројки, засилувајќи го со тоа конфликтот меѓу вечните непријатели, што инаку се заканува да го зафати Блискиот Исток и да ги наруши глобалните испораки на нафта.