Author: Zoran Ivanov
Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Република Северна Македонија и да започне со копање на граничниот железнички тунел што е можно поскоро, изјави бугарскиот министер за транспорт и комуникации, Гроздан Караџов, кој заедно со министерот за регионален развој и јавни работи Иван Иванов и министерот за одбрана Атанас Запријанов ги презентираа плановите за развој на Коридорот 8 пред амбасадорите на ЕУ и НАТО.
Брисел: Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори.
Тирана: Шефот на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, Алтин Думани, изјави дека корупцијата на високо ниво во Албанија се спроведува на софистицирани начини, при тоа наведувајќи бројка за високи функционери кои паднале во мрежата на СПАК.
Владата на Норвешка ќе додели 10 милијарди норвешки круни, или околку 939 милиони американски долари за снабдување и тренирање на украинска воена единица, пренесува Киев Индепендент.
Одеса и регионот беа нападнати од над 10 дронови од Црното Море, објави градоначалникот на градот Генадиј Труханов на апликацијата Телеграм. Во градот одекнаа силни експлозии, додаде тој.
Во главниот грчки град по вчера по полноќ избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот.
Украинската државна служба за итни случаи издаде ново соопштение во кое се вели дека најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинале во нападот утринава врз градот Суми.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на собирот „Не ја даваме Србија“ ги прочита барањата. Ги има вкупно пет, а Вучиќ рече дека нема да се откаже додека не се исполни секое од нив.
Бранко Тричковски: Огромната државна машинерија, со сите ресурси, довлечка во Белград скромен број на луѓе во однос на очекувањата, а особено во однос на спектакуларниот собир на студентите и граѓаните. Насобраните од сношти немаа емотивно и идејно полнење за идентификација со манифестацијата на која беа доведени. Температурата на масата беше како на рингла вклучена на единица. Претседателот со својот говор не само што не го крена расположението, туку дополнително го тушираше со безочните лаги и исфабрикувани видувања на стварни и измислени настани и актери од кои дури и присутните се срамеа затоа што ги имаа гледано во директни преноси работите…
Во Србија денеска се одржуваат два паралелни собири, еден во организација на студентите и друг во организација на власта и претседателот Александар Вучиќ и неговата СНС.
Беким Ќоку од Коалиција „Вреди“ изјави дека вчерашната средба на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека коалицијата продолжува заеднички, а останува да се договорат само детали за листите за градоначалници и советници во општините пред Локалните избори.
Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата која две децении владееше преку рекет, корупција и уценети институции, денес повторно се обидува да ја избегне одговорноста со евтини обиди за етничка манипулација.