Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 18, 2025 06:46

Во централниот и во северниот дел на Израел ноќеска се огласија сирените за тревога од воздушен напад откако Иран истрела неколку ракети, соопшти израелската армија и ги повика жителите да се засолнат.

Началникот на Генералштабот на иранската армија Абдолрахим Мусави претходно ги предупреди жителите на израелските градови Хаифа и Тел Авив да се евакуираат бидејќи следи „казнена операција“.

Израселските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека детектирале нов бран проектили истрелани од Иран.

– Израелските одбранбени систенми се активирани поради пресретнување на заканите, соопшти ИДФ.

Во меѓувреме, иранското Министерство за одбрана соопшти дека денеска првпат употребило нова, ракета што не може да биде идентификувана од радар во напад врз израелска разузнавачка локација, при што успешно ги пробила повеќеслојните системи за воздушна одбрана што ги одржуваат САД.

Портпаролот на иранското МО, бригадниот генерал Реза Талаи-Ник посочи дека се лансирани ракети што „не можат да се следат или пресретнат“.

Според него, ја покажал ранливоста на Израел и покрај тоа што долго време се веруваше оти земјата има еден од најсофистицираните разузнавачки и безбедносни апарати во регионот.

Многу од нашите напредни системи сè уште не се ни распоредени, посочи Талаи-Ник.

Тој наведе и дека Израел не е подготвен за продолжен конфликт.

Врз основа на 75 години искуство и голем број воени и невоени фактори и други стратешки размислувања, ционистичкиот режим не може да издржи долга војна, истакна Талаи-Ник.

Претходно, западните медиуми, кои имаат дописници во иранскиот главен град, јавија дека одекнуваат експлозии во повеќе делови на Техеран. Eксплозиите се регистрирани во северниот, западниот и централниот дел од Техеран. Не е засега јасно дали експлозиите се резултат на израелски напади или на оган од иранската противвоздушна одбрана.

ИДФ соопшти дека израелски воени авиони извршиле напади врз 12 ирански складишта и места за лансирање ракети.

 

експлозии Израел Иран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.