Author: Zoran Ivanov
Борче Трајковски: Мицкоски силно го поддржа стратешкото партнерство на нашата земја со САД … Во најмала рака ваквата изјава на Мицко би требала да биде: “Поголемиот дел од владеачките партии во Македонија целосно ја поддржуваат политиката на Трамп“, а никако Македонија. Да се разбереме, тие делчиња од ткивото на сегашната власт во Македонија кои целосно го подржуваат Трамп, се затруени од раѓање, болни се, и им нема лек, и колку и да се на број минорни се во однос на “тежината“ на здравиот дел од мкд ткивото за кои знам дека се против политиките на Трамп. Така да, Миц, внимателно…
Со експлозивниот развој на генеративната вештачка интелигенција, креативните индустрии се соочуваат со фундаментални прашања за природата на авторството. Дали расказ напишан од ВИ заслужува иста заштита како расказ напишан од човек? Може ли некој уметник да има авторско право на слика создадена преку промпт (наредба) во систем за генерирање слики? Бранко Прља Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) ги поместува границите на можното, американската Канцеларија за авторски права зазема цврст став: човечката креативност останува во срцето на авторското право. Вториот дел од долгоочекуваниот извештај за авторските права и вештачката интелигенција, објавен на 29 јануари 2025 година, содржи значајни заклучоци кои ќе влијаат врз…
Поранешен советски разузнавач тврди дека Доналд Трамп бил регрутиран од КГБ во 1987 година и добил кодно име „Краснов“. Алнур Мусаев (71), поранешен шеф на казахстанското разузнавање, го изјави експлозивното тврдење во објава на Фејсбук во четвртокот. Тој тврди дека служел во 6-тата управа на КГБ во Москва, која била одговорна за контраразузнавачка поддршка во економијата. Една од нејзините клучни цели, тврди тој, е „регрутирање бизнисмени од капиталистички земји“.
Сите прашања се реторички, затоа што тешко дека “елитите” може да го сокријат одушевувањето од можноста конечно транспарентно да бидат против ЕУ. Платени од САД и ЕУ, сите овие години, за глумење на про-американство и про-европејство. Конечно, кога е најкомплицирано, работите се извадени на “чистина” – сега јасно се гледаат идеалистите, опортунистите и лукративните. Никица Корубин Фасцинантната површност, со која се пристапува кон динамиката на гео-политиката која е во тек, и која има многу позадински непознати и (не)видливи елементи, ја прави секоја анализа суштински нестабилна, за разлика од позиционирањето кое мора да биде суштински стабилно. А, уште пофасцинантно е како,…
Украина добиваше голема помош од сите кои имаа интерес Русија да не победи во таа ужасна агресија, меѓу другото, затоа што сите сметаа и знаеја дека таа агресија освен што го урива меѓународниот правен поредок, нема да заврши на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека „нема карти“ во рацете и затоа нема потреба да учествува на состаноците. Тој исто така рече дека рускиот лидер Владимир Путин може, доколку сака, да ја преземе цела Украина, објави Си-Ен-Ен.
Иван Мирчевски: Зоране Иванов, моја вечна инспирација за саркастични и сатирични беседи, дали знаеш која е сличноста меѓу мене, Канал 5 ТВ и тебе? Јас ќе ти кажам – никаква, нема сличност, или едноставно речено– ние сме два различни света. Не сакам да помислам дека како „призрак“ на одреден политички центар, си во некој круг на морална анархија во кој те опчинува некаква бурна елегична дистракција. Причината за овој сериозен интелектуално-креативен немир можам само да го претпоставам и верувам дека е поврзан со познатото „проклетство“ – да имаш, па да немаш. Како човек кој огромен број пати гостувал во Канал…
Има незнаење кај тие што се надлежни да спроведат такви механизми, а генерално тоа се однесува за поединци во владата, рече поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши во вечерашното интервју на Телма ТВ во врска со сè уште незаживеаниот Закон за нефер трговски практики во пракса.
Во листата на најдоходовни фирми на земјава трговците на мало се држат одлично, дури и многу подобро од фирми што нашата свест ги прима како гиганти! Истите тие можат да се натпреваруваат и во регионални рамки. Македонските и хрватските трговци се пример за доходовност по вработен што е еден значаен индикатор. Таа моќ не може, а да не се рефлектира и по нивната позиција во однос на извршната власт, што создава сериозна криза во областа на економско-социјалните односи. Љубомир Костовски Додека кај нас траат препукувањата, па и кавгите меѓу потрошувачите и Синдикатот од една страна и одговорните за високите цени…
Зоран Иванов ТВ Канал 5 израсна во респектиран, отворен и достапен информативен медиум за плурални мислења, посебно во неколкуте информативни дебатни емисии како што е Само вистина и во четврточните интервјуа на нејзиниот Главен уредник со индивидуи и теми, главно од македонскиот политички живот.
Обвинителството пред судот низ снимки докажуваше како обвинетите за грабнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, имале и неуспешен обид за делото да го сторат на 24 ноември, а тоа е три дена пред девојчето да биде ликвидирано. Според обвинителите, во куќата на Велибор Манев се подготвувал грозоморниот чин.