Author: Zoran Ivanov
Осло: Владата на Норвешка денеска соопшти дека ќе и испорача на Украина системи за воздушна одбрана во вредност од речиси седум милијарди норвешки круни или 696 милиони долари. Заедно со Германија, ќе обезбедиме Украина да добие ефикасни системи за воздушна одбрана. Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи Патриот, вклучувајќи и ракети за нив. Норвешка, исто така, учествува во испораката на радар за…
Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, во соработка со Католичката црква во земјава, денеска ќе одржи свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина.
Џексон Хоул: На глобалните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна минатата седмица, третпат со ред, бидејќи растеа очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки во септември.
Од 193 држави-членки на ОН, 147 веќе ја имаат признаено државата Палестина, бројка која оваа есен ќе се зголеми со најавеното признавање од страна на нови држави членки ЕУ и на ОН. На крајот ќе останат само Израел и Америка наспроти светското јавно мислење.
Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика привремено затворање на аеродромот „Пулково“ и одложување на десетици летови, пренесува „Украинска правда“.
Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната.
Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски,се наведува во соопштението од СДСМ од прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави дека Кина е подготвена да учествува во мисијата за распоредување на мировен контингент, но под одредени услови.
Белград: Во Србија во над 70 населени места и градови попладнето и синоќа се одржуваа собири на симпатизери на владејачката Српска напредна странка на кои се искажува протест против блокадите. Собири се одржуваат во Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Крушевац, Рума, Рашка, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Обреновац, Лучани, Пожаревац, Неготин… Нема такви собири во Белград и во Нови Сад.
Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери, вели СДСМ преку портпаролката Богданка Кузеска.
Кај нас се зборува за Западот со суперлативи без разлика што во голема мера тој е соучесник во геноцидот во Газа но ако ги слушате луѓето што живеат во западните земји ќе добиете пореална слика за состојбите таму. Ердем Ахмет Навистина сум импресиониран од борбата за слобода на Палестинците и затоа пишувањето за таа борба ме прави да се чуствувам слободен. Го критикувам Западот за соучесништвото во геноцидот затоа што тоа е вистината без да калкулирам. Тешко ми е да бидам прозападно ориентиран и да зборувам за каллкулации кога го гледам геноцидот врз Палестинците. Сето ова со геноцидот ќе помине…