Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Ден на независноста на Украина – свечена церемонија и културна програма

0
By Zoran Ivanov on August 24, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 24, 2025 10:06

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, во соработка со Католичката црква во земјава, денеска ќе одржи свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина.

Настанот ќе ги обедини дипломатите, украинската заедница и пријателите на Украина во заедничка порака за слобода и отпор.

Програмата ќе почне напладне во Католичката црква во Скопје со интонирање на химните на Украина и на Северна Македонија, а со минута молк ќе им биде оддаена почит на паднатите херои на Украина.

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, ќе им се обрати на присутните, а Бискупот Киро Стојанов ќе одржи молитва за украинскиот народ.

Најавено е и обраќања на претставници на Владата на Републикја Северна Македонија и на претседателот на украинската заедница во земјава, Олександр Урбанович.

Културниот дел од програмата ќе го збогати пијано-рециталот на украинскиот пијанист Игор Панченко како и изложбата „Пред / После“ на Украинскиот институт, а која сведочи за уништеното културно наследство на Украина како последица на руската агресија.

Амбасадата и нејзините партнери ќе ја искористат оваа прилика и за промоција на кампањата за прибирање средства, иницирана од Министерството за надворешни работи на Украина и платформата UNITED24. Кампањата има за цел да обезбеди спасувачки роботски системи за украинските единици кои ќе вршат евакуација на ранетите, снабдување и деминирање во најопасните подрачја.

Настанот ќе заврши со повик за солидарност со Украина во нејзината борба за слобода, независност и демократија.

Фото: Скопје, од ланското одбележување на Денот

ден Свеченост Скопје уграина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.