Author: Zoran Ivanov

Белград: Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска најави „решителна акција на државата за враќање на мирот и поредокот во Србија“, а за „уништувањето“ ги обвини оние што ги палат просториите на Српската напредна партија (СНС) и државните институции и ја напаѓаат полицијата на улиците за време на митинзите.

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, за да го договорат заедничкиот настап на утрешната средба во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп.

Read More

Кијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Read More

Нека го облетаат десет пати светот. Насекаде ќе наидат само на бучава на механичкото ништавило. Се до денот, многу пострашен од денот на најлошата одмазда, кога конечно сопирајки се, ќе сфати дека за нив никаков триумф не е вреден ниту колку најнезначајната човечка стварност што ја убија. Затоа што не знаеја што прават.” Јас би додал: А, можеби, токму затоа што знаеја.

Read More

Берин: Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж.

Read More

Илјадници Израелци синоќа излегоа на улиците во Тел Авив, барајќи прекин на војната во Газа и договор за ослободување на заложниците што ги држи палестинската исламистичка група „Хамас“, пренесува ДПА.

Read More

Белград: Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии.

Read More

Од Минхен до Алјаска, обрасците се јасни: додворувањето кон Москва никогаш не донело мир, туку само ја охрабрило агресијата. Европа денес е пред избор — решителност или предавство маскирано како прагматизам.

Read More

Интервју за НОВА тв на Свето Стаменов со Проф. д-р Трајан Гоцевски по повод 18-ти август Денот на македонската армија  Проф. д-р Трајан Гоцевски, министер за одбрана во првата влада на независна Република Македонија под чие непосредно раководство е формирана Армијата на Република Македонија и кој на 18 мај 1992 година на Советот за безбедност прв го даде предлогот за зачленување на Република Македонија во НАТО. Стаменов: Професоре, на 18 август го одбележуваме Денот на Армијата на Република Северна Македонија, кој годинава е во знакот 32-годишнината од нејзиното формирање и петгодишнината од нејзиното функционирање како составен дел на силите на…

Read More

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие се резултат и на завчерашните и вчерашните брутални интервенции на српската полиција посебно во градот Ваљево кога две групи полицајци буквално се изживуваа колективно тепајќи две млади момчиња на под полнолетна возраст, чин кој испровоцира дополнителни протести како во Ваљево така и во цела Србија.

Read More

Европските лидери утре попладне ќе одржат консултации за претстојната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и за резултатите од Самитот на американскиот и рускиот претседател во Алјаска во петокот.

Read More