Author: Zoran Ivanov
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата под актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија, наместо да чекори со земјите од регионот кои напредуваат, е во групата со Косово, Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина, далеку од динамиката која ја има Албанија, Црна Гора, порача претседателот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конфеернција.
Во Скопје, прашањето за уставните измени одамна не е само правно, туку симбол на политичка зрелост или незрелост. Власта инсистира дека измените се „национален интерес“, а опозицијата побара да се постават црвени линии зад кои би застанале сите политички фактори. И токму тука лежи суштината на проблемот: европската агенда се претвора во заложник на партиската аритметика. Наместо да се води стратешка дебата за иднината на државата, дискусијата се сведува на тоа кој ќе профитира политички од процесот.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека наскоро ќе следат промени во раководството и дел од политиките на партијата, но нагласи дека идеолошките принципи на социјалдемократите остануваат непроменети.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп лансираше линија на луксузни часовници што го носат неговото име, но американските купувачи не се задоволни од квалитетот на часовниците.
Сан Франциско: Гугл привремено го отстрани својот нов модел на вештачка интелигенција, „Џема“ (Gemma), од својата платформа „АИ студио“, откако беше откриено дека четботот генерирал лажно обвинување за сексуален напад против американската сенаторка Марша Блекбурн.
Неговите критичари му забележуваат на младоста но дел од нив потенцираат дека победата на Мамдани значи и потенцијален пресврт во политиката на градот па, сепак, постои и скептизизам зашто големото прашање е дали ќе може да ги имплементира големите ветувања без сериозен отпор на политичките опоненти.
По усвојувањето на најкритичната Резолуција на Европскиот парламент за режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ, околу која беа договорени ставовите на сите политички групи, дури и на Европската народна партија (ЕПП), а чиј фокус е инсистирањето на пронаоѓање на виновниците и преземање одговорност за трагедијата во Нови Сад, како и растечката репресија на режимот врз демонстрантите, Владата на Шведска прва реагираше на „погрешната насока“ на Србија и презеде драстичен чекор, објавија повеќе српски медиуми.
Вашингтон: Затворањето на владата на САД влезе во својот 36-ти ден, што го прави најдолгиот период во кој американската влада е затворена, пренесува Би-би-си.
Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција, објавува „Слободен печат“.
Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп.
