Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот – Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја води државата

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 5, 2025 14:31

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата под актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија, наместо да чекори со земјите од регионот кои напредуваат, е во групата со Косово, Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина, далеку од динамиката која ја има Албанија, Црна Гора, порача претседателот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конфеернција.

Државата е во целосен застој, а европскиот пат е сведен на празна реторика. Не постои напредок во ниту една област, а во делови има и назадување – изјави Филипче.

Позитивен напредок има само во четири области, а во осум нема поместувања, вели тој и додава дека особено загрижува ниската оценка во економијата.

Реформската агенда не се спроведува, обврските се неисполнети, а државата губи пари од ЕУ. Недозволиво е да нема буџет за спроведување на реформите кои се клучни за европскиот процес. Во демократијата нема напредок, Собранието е блокирано, а уставните измени, кои се клучни за старт на преговорите, не се ни разгледуваат. Во судството независноста останува поткопана, а борбата против корупцијата е во застој. Јавната администрација функционира со 60 отсто закони донесени по скратена постапка, без јавни дебати и комуникација со експертската јавност. Во образованието финансирањето е намалено, а резултатите кај учениците се влошуваат. Во животната средина и земјоделството недостигаат клучни закони. Во даночниот систем доцнењата на повратот на ДДВ се алармантни – додаде тој.

Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија, ниту капацитет да ја води државата напред и додека регионот оди напред, Филипче вели дека Македонија ризикува да остане слепо црево на Балканот.

 

ЕУ Извештај слепо Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.