Author: Zoran Ivanov
Руска подморница способна за нуклеарно носење наводно доживеала „сериозна несреќа“ во Средоземното Море. Подморницата од класата Кило, долга 74 метри, „Новоросијск“, наводно, вчера се појавила над Гибралтарскиот Проток, пишува Индекс.хр
Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 – ти пат маршираа за своите ангели.
Неуспешен обид на лидерот на СДСМ Венко Филипче да ја достави резолуцијата што ја објави до пратениците. Според информациите на ТВ 24 од извори од собраниските служби, документот бил вратен вчера, бидејќи бил адресиран до политичките партии во Собранието, наместо до координаторите на пратеничките групи.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да „престане да ја малтретира“ Будимпешта, дополнително ескалирајќи го конфликтот меѓу двете земји.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека му наредил на министерот за одбрана Пит Хегсет да обезбеди војници за заштита на американскиот град Портланд и објектите на Службата за имиграција и царина на САД (ICE) од движењето Антифа, кое претходно го означи како терористичка организација.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, објави мапа на социјалните мрежи за која тврди дека го покажува точниот пат на влегувањето на беспилотно летало од Унгарија во украинскиот воздушен простор.
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја донеле Данела Арсовска на власт, сега се извинуваат.
Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
Според меѓународното право Израел е окупатор на палестинските територии и доселениците крадат земја во Западниот Брег со помош на израелската држава.
