Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОКУМЕНТ: Нова Година 1964 – Обраќање на Благоја Попов тогашен Претседател на собранието на Скопје главниот град на Народна Република Македонија

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 26, 2025 21:34

Новата година, ние жителите на Скопје, ја дочекуваме во поинакви услови од другите граѓани од нашата земја и светот. Нашите радости ќе бидат обземени и со тага, но истовремено со длабока верба дека утрешнината е пред нас, дека визијата денес ќе биде утрешна стварност и дека секој од нас, вградувајќи се во големото дело што се вика Ново Скопје, ќе ја најде смислата на своето денешно егзистирање.

Благој Попов 

“Во 5 и 17 минути, на 26 јули 1963 година подземна стихија го запра животот, цутењето и утрешнината на нашето многу сакано Скопје, главен град на Социјалистичка Република Македонија.

Билансот на 26-то јулската катастрофа е страотно тежок. Околу 10.000 жители на Скопје се најдоа под урнатините на градот. Од нив 1.070 души за секогаш ги изгубија своите животи. Повеќе од 5.000 лица полесно и потешко се ранети, а од нив повеќе стотини ќе останат тешки инвалиди. Четири петини од зградите за живеење и јавните објекти земјотресот ги разурна или тешко оштети. Практично 200.000 жители останаа без покрив над главите, додека близу половина од нивната покуќнина е уништена. Голем број стопански објекти беа исфрлени од производство, но со извонредни напори на работните колективи и помошта на заедницата набргу ги продолжија прекинатите текови. Школите и универзитетот, урнати или онеспособени за работа, пострадаа заедно со сите културни споменици. Го снема и најголемиот спомен на минатото – тврдината Кале. Подмолните сили на стихијата привремено го запреа животот на овој град и оставија пустош скапа близу 500 милијарда динари.

Но истовремено спротиставување на таа уништувачка сила го отвори и неизмерното величие на човекот и човечките самопрегори. На затемнетите скопски хоризонти, на распаќето на човечкото живеење, неговата негација, продолжи пулсирањето на неуштивите сокови на поарната утрешнина. Низ тагата за изгубените човечки животи и неизмирливата материјална и културна штета високо се издига вербата дека во нерамнините на вечното движење дваесет и шесто јулското Скопје ќе остане најскапиот бисер.

На крај сме на тешка година што ќе ја паметиме по извонредните тешкотии и лишувања на жителите на толку саканото Скопје и по извонредниот стоицизам и решеност да останат овде, да живеат и да го обноват својот разрушен град.

Во совладувањето на тие тешкотии не останавме сами. Со нас беше целата социјалистичка заедница. Со нас беше целиот свет. На Скопје во прв ред му пружија помош припадниците на Југословенската народна армија. Во Скопје престојуваа повеќе од 120 стопански и други организации со преку 20.000 запослени и околу 15.000 моторни возила и огромна друга механизација и заедно со сите нас ја водеа и ја водат битката на обнова на Скопје. Како резултат од тоа морничаво и величенствено секојдневие на човечката солидарност се отргнуваат луѓето од преградките на неизвесностите, на студовите и зимата, сместувајќи се било во своите санирани станови или во новоградските монтажни населби. По таков начин заканувачките студени денови ги дочекавме со исчезнати шаторски и други провизорни населби.

Низ тие напори, низ потта на градителите, дојдени од сите краишта на Југословенската социјалистичка федерација се манифестира најдрагоценото човечко својство – хуманизмот изразен во несебичните напори, пожртвуваноста и невидените лишувања. Сето тоа беше поткрепено и со забележливата меѓународна солидарност, изразена или низ материјално учество, или директно преку своите напори и помош од околу 80 земји во светот. Оваа карактеристика, заедно со извонредните материјални остварувања, го сочинуваат комлексот на феноменот Скопје. Отаде решеноста на жителите на Скопје да останат да живеат и работат во урнатиот град, помагани од несебичните напори на сите југословенски напори, што резултира од непреслушливите корени на братството и едниството, како и солидарноста на народите од светот.

По пет месеци од она морничаво утро, кога страотната стихија во своите урнувачки мигови направи невидена пустош, Скопје веќе живее, спротиставувајќи се на стихијата која се обиде да го уништи животот и попречи цутењето и утрешнината на овој град на гордиот Вардар.

Новата година, ние жителите на Скопје, ја дочекуваме во поинакви услови од другите граѓани од нашата земја и светот. Нашите радости ќе бидат обземени и со тага, но истовремено со длабока верба дека утрешнината е пред нас, дека визијата денес ќе биде утрешна стварност и дека секој од нас, вградувајќи се во големото дело што се вика Ново Скопје, ќе ја најде смислата на своето денешно егзистирање. Со тие и такви напори навлеговме во новата 1964 година, година на нови напори и самопрегори во совладувањето на престојните тешкотии по нерамните патишта на обновата и изградбата на нашиот толку сакан град.”

Благој Попов, претседател на Градското собраните 1963 г.

 

 

 

1964 благој попов документ земјотрес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.