Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Со заедништво и љубов кон градот Скопје повторно ќе го издигнеме

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 26, 2025 21:23

Каја Шукова, кандидатката за градоначалничка на Скопје, по повод Денот на сдолидарноста, 26 јули, ден кога во 1963 година Скопје доживеа катасрофален земјотрес, се обрати до скопјани.

Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.

Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.

Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога.

Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.

„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.

Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.

„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.

Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.

„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, истакна Шукова.

СДСМ најавува кампања што ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани, изјави Шукова во обраќањето до скопјани.

 

Каја Шукова обраќање скопјани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.