Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Свеченото отворање на Деновите на словенечката култура во Скопје беше крунисано со концертот на словенечката етно рок група „Dupljak Village Orchestra“ од Радече под раководство на Алеш Брезникар, кој на македонската јазност е познат по организацијата на традиционалната туристичко-културна манифестација „Словенија на Охрид“.
Делегацијата на ЕКСПО во Јапонија беше толку бројна што медиумите не успеаја ни да ја пребројат, а парите што беа потрошени за неа никој не ги соопшти. Уште понеодговорно е кога патуваат на туѓа сметка, односно патот им го финансираат други влади кои потоа очекуваат да им возвратат со некакви привилегии или сојузништва. Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Само неделата Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликал со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон се…
Од печат излезе второто дополнето и изменето издание издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на несомнено еден од најплодните македонски публицисти, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2019 година во рамките на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура.
Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска е во Скопје како дел од својата посета на регионот. Вчера во Белград рече дека за Србија не постојат скриени патишта до членство и се очекува истата порака да ја пренесе и на македонските власти.Ова е сосема различна изјава од пред две недели кога рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со британскиот секретар за економски прашања и извоз, Герет Томас, денес во Лондон го заверија Договорот за соработка во реализација на инфраструктурни проекти, со кој нашата земја добива пристап до досега најголема сума на парични средства од пет милијарди фунти за реализација на клучни проекти.
Сараево: Судот на Босна и Херцеговина го осуди Војин Павловиќ, претседател на проруското здружение „Источна алтернатива“ од Братунац, во република Српска на две и пол години затвор за негирање на геноцидот во Сребреница и глорифицирање на Ратко Младиќ, осуден за воени злосторства во Хаг.
Имаше една кинеска поговорка: лесно е да изедеш говно- изеди да те видам камен. Во мојата терапија Македонецот не може да не скрши некој заб во јадењето на каменот од лаги и умисли за себе, од вишокот изнасилена глума, имитација и неприродност, од кои страда, но, што се два заба во замена за македонското воскресение.
По премиерната промоција на годинешниот Саем на книгата, вечерва во еден светол агол во центарот на ова и вакво мајско Скопје, Тина Иванова го промовираше своето трето литературно дело „DANSE MACABRE“.
Кога граѓаните ќе ја изгубат довербата во медиумите, тие ја губат и една од клучните алатки за разбирање на реалноста, за барање правда и за градење здрава демократија. Новинарството не е пазар каде што се продаваат мислења, туку служба на јавноста.
Данела Арсовска: Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот градежен инспектор. Таков инспектор има општина Чаир и сите други скопски општини како посебни единици на локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Градот Скопје е единствена единица на локална самоуправа која нема градежен инспектор по ЗАКОН. Освен општинскиот градежен инспекторат на Чаир надлежност има и Државниот градежен инспекторат кој е под директна надлежност на Министерството за транспорт…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесоа предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка.