Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Марш за ангелите  – Тргнавме по Божјиот пат за еден ден да сме со нашите деца

0
By Zoran Ivanov on July 19, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 19, 2025 20:17

Родителите чии деца загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешниот марш за ангелите упатија порака кон оние што ги обвинуваат што ги пуштиле децата во диското, да се преиспитаат. Згрозени и револтирани од таквиот пристап, порачаа дека нивните најмили не се виновни што државата со непостапување овозможила објектот да функционира, објви Слободен печат.мк.

Ние родителите сме од крв и месо се бориме за правда не за друго. Ако јавноста не напаѓа, нека биде сигурна дека сакаме еден ден да одиме горе кај децата. Тргнавме по божјиот пат да одиме нанапред и еден ден да бидеме со нив, затоа не лажеме, немаме смелост да лажеме. Целта ни е еден ден кога ќе отидеме при нив да кажеме дека сме дел од нив и дека сме ја докажаале правдата. Ама како што гледам нема да биде така. Ова не е трагедија туку убиство на 62 деца, рече една од присутните мајки.

Друга се приклучи и порача дека родителите не се партиски обоени.

Не сме партиски обоени, да не ни пишуваат по коментарите „одете овој ќе ви даде пари, одете оној ќе ви даде пари“. Со пари ништо не се прави и не ни требаат. Да се свесни тие што седнуваат на функции дека нема да градат кариери на мртвите деца, за тоа да бидат известени кога ќе седнат во фотелјите. Судиите правично да судат. Ми се закануваат на Фејсбук конкретен човек. Треба да знае јавноста, некои госпоѓи и господа во коментарите да си ги гледаат своите деца и да се благодарни за нив, нешто нив кога би им се случило ќе ги прашам дали да седиме ние дома. Нека се стават една секунда во нашата кожа пред да искоментираат. Судиите криво нека седат право нека судат. Многумина пуштени во домашен притвор се шетаат, а нашите деца гнијат во земјата, рече друга мајка на маршот на ангелите.

 

 

ангелите Кочани марш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.