Author: Zoran Ivanov
Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата.
Никола Т Калајџиски: „Одредете цена за вашите деца …” Порака од адот. Ова е сериозна дијагноза. Под дно на дното. Болно понижувачки и потценувачки. И не можел да се појави и да клекне на колена во Кочани од безбедносни причини!? Да не си го бербати костумот. Срамота. Не заслужува коментари. Извор: Фејсбук
Родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, јавно се огласија преку социјалните мрежи со шокантни детали од средбата со Премиерот Христијан Мицкоски.
СДСМ објави нови 16 кандидати за градоначалници, потпретседателката Шукова е кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Њујорк: Европските сојузници на Вашингтон започнаа да градат паралелни дипломатски и одбранбени институции, подготвувајќи се за можно сценарио во кое САД повеќе нема да бидат главен столб на економската и воената безбедност на Стариот континент, пишува „Њујорк тајмс“.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“.
Рим: „Авионот е во твои раце“, наводно му рекол капетанот Сумит Сабхарвал на првиот офицер Клајв Кундер непосредно пред падот на авионот, изјавиле за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ два извори запознаени со содржината на снимката.
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска го усвои 18-ти пакет санкции кон Русија, поврзани со нејзината инвазија врз Украина.
Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата Тешко е за човек да се соземе од бес и гнев кога ќе го прочита сведоштвото на родителите на загинатите деца во трагедијата Кочани за нивната средба со премиерот и претставници на Владата. Наместо да им пристапот на родителите со емпатија и сочувство, Мицкоски и неговата владина свита настапиле со невидена ароганција кон оние што изгубиле сѐ. Мицкоски го покажа најсуровиот и најнечовечки лик на оваа власт. Наместо да покаже емпатија и разбирање за болката на родителите…
По неколкуте укажувања на водителот дека тоа е линијата која земјата мора да ја премине и дека би требало во дијалог со опозицијата да се најде заедничко решение Мицковски понуди решение кое би ја покрило неговата седумгодишна блокада на земјата кон НАТО и ЕУ ако Филипче во име на опозицијата јавно признае дека воделе погрешна државна политика која довела до последниот услов итврден во преговарачката рамка.
Иако вели дека не е против ЕУ, туку против „еднострани отстапки“, со неговите постапки Мицкоски реално ја блокира можноста за формален напредок.
Британската Влада објави сеопфатни реформи во изборниот систем, меѓу кои најголемата новина е можноста 16-годишниците да гласаат на следните парламентарни избори, што е првпат на национално ниво во Обединетото Кралство.