Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругата на загинатиот полицаец во „Пулс“ до Тошковски: Каде е тоа што им го ветивте на нашите деца?

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 21, 2025 18:33

Јована Тодоровска, мајка на две малолетни деца чиј татко е полицаецот Тоше кој загина во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ до весникот „Слободен печат“ испрати допис кој бара да биде објавен.

Во писмото таа потенцира дека нејзините деца не користат бенефиции и права од Министерството за внатрешни работи, откако нивниот татко загина на службена должност.

Министерството за внатрешни работи, според неа, бенефициите ги пренасочило кон страната на семејството на Тоше со кое таа не е во комуникација, па следствено ниту нејзините деца можат да користат средства. Единствената донација за нејзините деца, како што тврди Тодоровска за „Слободен печат“ се парите од донациите од Црвен крст, кои што ги добила и ги орочила на посебни сметки на децата. Таа прашува каде се средствата од наградата на МВР за Тоше. Таа вели дека за пензијата на починатиот Тоше, 5 месеци чекала во административните лавиринти а во текот на тој период никој не ја ни прашал како врзува крај со крај и како се грижи за децата што ги има со загинатиот полицаец. Инаку Тодоровска неодамна на маршот за ангелите кој се одржа во Кочани, го обвини Тошковски дека го поткупил семејството на загинатиот полицаец.

Го видов вашето интервју, немате одговор кога ве прашуваат дали е вистина дека сте ги поткупиле . Признавте, од ваша страна е вработена сестрата на Тоше секоја чест. А каде е тоа што им го ветивте на моите деца? Од ваша страна ги заборавивте нашите деца. МВР како помош и донација се има префрлено кај таткото на Тоше, а не кај децата, вели Тодоровска, обраќајќи му се на министерот за внатрешни работи Тошковски.

деца јована тодорвска Кочани полицаец Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.