Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силјановска Давкова: ИФФК „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 21, 2025 11:04

Фестивалот „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во видео обраќање пред аудиториумот во Битола.

Како прокровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, претседателката Силјановска Давкова посочи дека камерата за браќата Манаки беше повеќе од објектив.

Годинава фестивалот се одржува под мотото „Сон на платно“ што совршено ја одразува суштината на доблестите што ги славиме. Овој фестивал несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи. Тој е уникатна сцена на која се слави снимателот како автор, креатор, тивок но моќен градител на секоја филмска приказна. Снимателот е сестран уметник, тој ја визуелизира идејата, со камерата компонира, црта емоција, диктира ритам и креира атмосфера, нагласи Силјановска Давкова и додаде дека  меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ не е само прослава на мајсторството на кинематограферите, туку поттик за оние што ќе се одважат допрва да го освојат филмскиот врв преку објективот.

Според востановената традиција, ИФФК „Браќа Манаки“ додели специјална Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава лауреат е турскиот режисер Сами Капланоглу.

Добивањето на наградата, тука во Битола, градот на браќата Манаки, пионери на филмот во овие краишта, не само што е огромна чест туку и вистински потсетник за бесконечното патување на филмската уметност. За мене филмот одсекогаш бил јазикот на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и сништата, затоа што уметноста е дел од најдлабоките патишта што придонесуваат кон  духовниот развој на човечкото суштество, рече меѓудругото турскиот режисер Капланоглу.

Наградата на Капланоглу ја врачи градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој пред гостите од градот, државата и странство посочи дека градот со гордост ја носи историската оставина на браќата Манаки кои со својата камера пред 120 години ги испишаа првите страници на европската филмска историја.

-Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ не е само културен настан, тој е симбол на идентитетот на Битола, прозорец кон светот и доказ дека нашата локална приказна има глобално значење.

Во рамки на свеченото отворање, Друштвото на филмските работници на Македонија, додели медал „Браќа Манаки“ на Благоја Куновски Доре, за особен и долгогодишен придонес кон ИФФК „Браќа Манаки“, одлука која со долготраен аплауз беше поздравена од публиката која вечерва го следи македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска.

 

Коњановски манаки Сиљановска фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.