Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија опен: Ѓорческа поведе, Фогел со пресврт до главниот турнир

0
By Нова ТВ on January 14, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лина Ѓорческа остана без учество на главниот турнир на Австралија опен. По двете историски гренслем победи против Американката Викери (6:3, 3:6, 6:3) во првото коло и Унгарката Далма Галфи (6:1, 6:1) во второто, најдобрата македонска тенисерка е запрена во финалниот квалификациски во Мелбурн парк.

Подобра од неа беше Стефани Фогел од Швајцарија, прва носителка меѓу квалификантките, со 4:6, 6:3, 6:2 (нејзин трет меч во три сета) и во првото коло ќе игра против Куруми Нара од Јапонија. Ѓорческа, сепак, одигра квалитетен настап на теренот со малерозна бројка 13 (со Викери и Галфи играше на 22) и даде силен отпор на четири години повозрасната противничка.

Направи брејк во третиот гем и успеа да го потврди во наредниот на својот сервис што беше доволно за освојување на сетот за водство со 1:0. Фогел го имаше почетниот удар и во вториот сет. Го задржа својот сервис и го освои на Ѓорческа за предност со 2:0. Веќе во следните два Лина возврати и воспостави резултатска рамнотежа (2:2). Швајцарката направи нов брејк во осмиот гем за водство со 5:3 што не ги испушти за 6:3 и израмнување на 1:1.

Ѓорческа како што посакуваше го почна решавачкиот сет. Поведе со 2:0 со брејк предност и одеднаш запре. Фогел направи серија со 6:0 за конечни 6:2 за конечни 2:1 по еден час и 54 минути игра.

Бројките од натпреварот покажуваат дека Ѓорческа беше рамноправна и на моменти подобра на теренот. Запиша три аса Фогел ниту еден во мечот без двојни сервис грешки. Презицноста на првиот сервис беше речиси израмнета и беше подеднакво оружје за двете. Македонската тенисерка имаше 65 отсто влезност на почетниот удар, Швајцарската, пак, 67. Но, она што беше драстично на страна на Фогел беа освоените поени по втор сервис.

Ѓорческа не успеа до елитата меѓутоа покажа дека 2017 година ќе биде добра за неа. Ова беше нејзино само второ учество во квалификации за гренслем турнир во кои има скор од 2-2. Лани беше поразена уште во првото коло од Катрин Белис во Њујорк (6:0, 6:2), за Австралија опен ги еллиминира Викери и Галфи пред поразот од Фогел.

Австралија опен квалификации Лина Ѓорческа Стефани Фогел тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.