Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија опен: Уметноста на Федерер или силата на Надал

0
By Нова ТВ on January 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 28, 2017 21:49

Дворачниот бекхенд што е задоволство да се гледа како го изведува Роже Федерер или убиствениот еднорачен форхенд на Рафаел Надал. Уметноста на швајцарскиот тенисер наспроти силата на шпанскиот. Големите ривали во машкиот тенис, од скоро и големи приатели, утре во 09,30 часот во 35 меѓусебен меч. Двата мајстора на „белиот спорт“ на сите времиња за кои е одвишен секој збор овојпат во битка за трофејот на Австралија опен.

Финале на гренслем турнир одамна не дигнало толку прав како претстојната класика. Федерер и Надал „тежат“ 31 титула. Tенисерот од Базел има 17, неговиот ривал од Мајорка 14 при настапите на репрезентативната „четворка“, вкупно гледано зад себе имаат 157 трофеи. Организаторите во Мелбурн парк можеа само да сонуваат за ваков дуел за титулата, спектакл што оди на задоволство на сите вљубеници во тениската игра.

Ваков епилог ретко кој можеше да очекува. И самите тие признаа дека не можеле да сонуваат меѓусебно финале на Отвореното тениско првенство на Австралија ниту фановите се надеваа по повредите поради кои предвреме ја завршија 2016 година.

„Ќе дадам максимум, па макар и да не можам да одам во наредните пет месеци“, рече Федерер.

Федерер и Надал ќе играат по 22 пат во финале на некој турнир. На гренслем настапите подобар е Шпанецот со шест победи во осум меча. Двете што завршија во корист на Швајцаецот беа на Вимблдон. Последната меѓусебна средба ја имаа во Базел во 2015 година и на општо задоволсто на домашната публика која отпоздрави победа на нивниот миленик.

Тениските асови траат повеќе од декада. Самото нивно ривалство е веќе 13 годишно од кога датира и првата средба во Мајами. Федерер беше доминантен при појавувањето на сцената на Надал кој подоцна ќе се претвори во најголем негов ривал. Едниот важеше и сè уште важи за специјалист на трева, другиот го доби прекарот „крал на земјата“. Швајцарецот едноставно беше недопирлив на Вимблдон, Шпанецот во Париз по што почнаа да се мешаат во сектор на другиот.

На годинашното издание играат како во зенит на кариерите, а не како да заоѓаат полека. Покажаа дека сè уште траат, дека немаат рок на употреба и дека сериозно треба да се смета на нив и покрај возраста. Колку постари, толку подобри како и виното. Можеби претпоставката дека сме последно финале меѓу тенисерите што ја одбележаа златната ера на светскиот тенис му даваат посебен тон на натпреварот.

Подлогата побрза, побрзи и топчиња кои и повеќе отскокнуваат 

Во изминатите две недели колку што трае австралискиот гренслем можеше да се прочитаат ставови на голем број доброупатени лица во тенисот кои сметаат дека и организаторите на турнирот имаат заслуга што Федерер ќе игра финале. Го образложуваат тоа со менување на подлогата пред три месеци што ѝ дава пеколна брзина на играта. Со неа ги врзуваат и елиминациите на бранителите на титулите во машка и во женска конкуренција (Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер) и на водечкиот на АТП листата Енди Мареј. За таквата нејзина карактеристика се согласува и самиот Федерер.

„Вакви подлоги се користеа на турор до, некаде, 2005 година. Потоа наеднаш беа забавени. Ние тогаш моравме да го менуваме начинот на игра. Некој успеа, некој не“, рече швајцарскиот тенисер.

Побавните подлоги беа воведени за разбивање на здодевноста на гледачите од сервис-волеј играта што овозможуваше конкурентност на технички и тактички послабите тенисери. Оттогаш почна и ерата на вистинските мајстори какви се Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Мареј кои не се потпираат само на силината на ударите и сервисот. Оваа, во случајот, повеќе оди во прилог на Федерер.

Побрзи се и топчиња кои и повеќе отскокнуваат. Такви, како фактор, повеќе одговараат на леворакиот бомбардер од Шпанија кој сигурно ќе се обиде да тероризира и со познатите форхенд дијагонали.

Патот до финале на Австралија опен 2017 на Рафаел Надал

Прво коло: Флоријан Маер (Германија) 6:3, 6:4, 6:4

Второ коло: Маркос Багдатис (Кипар) 6:3, 6:1, 6:3

Трето коло: Александар Зверев (24., Германија) 4:6, 6:3, 6:7, 6:3, 6:2

Осминафинале: Гаел Монфис (6., Франција) 6:3, 6:3 4:6, 6:4

Четврт-финале: Милош Раониќ (3., Канада) 6:4, 7:6, 6:4

Полуфинале: Григор Димитров (15., Бугарија) 6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4

Финале: Роже Федерер (17., Швајцарија) ????

Патот до финале на Австралија опен 2017 на Роже Федерер

Прво коло: Јирген Мелцер (Австрија) 7:5, 3:6, 6:2 6:2

Второ коло: Ноа Рабин (САД) 7:5, 6:3, 7:6

Трето коло: Томаш Бердих (10., Чешка) 6:2, 6:4, 6:4

Осминафинале: Кеи Нишикори (5., Јапонија) 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3

Четврт-финале: Миша Зверев (Германија) 6:1, 7:5, 6:2

Полуфинале: Стан Вавринка (4., Швајцарија) 7:5, 6:3, 1:6, 4:6, 6:3

Финале: Рафаел Надал (9., Шпанија) ????

Австралија опен Рафаел надал Роже Федерер финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.