Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австриски Стандард:Груевски станува нервозен,Мијалков мозок на режимот

0
By Нова ТВ on December 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2016 17:40

Поранешниот македонски премиер станува сѐ понервозен поради можното губење на власта, пишува австриски Стандард во анализа за пост-изборните состојби во Македонија. Тачи се предомислува, а Мијалков е мозокот на режимот, пренесува Дојче веле. 

Жалбите пред Државната изборна комисија и можното загрозување на тесната победа на изборите, раѓа страв кај досега владејачката ВМРО-ДПМНЕ од губење на власта, пишува австрискиот дневен весник „Стандард“. Повод за таквата оценка е, како што пишува весникот, нервозниот говор на Груевски во саботата.
Иако не цитира извори, весникот тврди дека лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе се предомислил иако во изборната ноќ најави дека своите двајца пратеници ќе ѝ ги даде на Беса.
„ДПА најави дека ќе ја поддржи албанската реформска партија Беса, која сака да коалицира со Социјалдемократите, но партискиот шеф Тачи во меѓувреме се предомисли. Тачи важи за корумпиран. Во еден прислушкуван телефонски разговор може да се слушне како му ветува на поранешниот шеф на тајната служба Сашо Мијалков дека ‘му е верен до смрт’“.
„Мијалков, кој поднесе оставка минатата година, не е само братучед на лидерот на ВМРО Никола Груевски, туку е и мозокот (мастермајнд) на досегашниот режим. Човек кој притоа поседува и хрватски ЕУ пасош, е исто на удар на Специјалното обвинителство.“
„(…) Владејачката партија не го контролира само правосудството, туку и полицијата и медиумите. Развојот на балканската држава зависи од тоа дали досегашната елита ќе остане на власт или со помош на Специјалното обвинителство, владеењето на правото и демократизацијата ќе добијат шанса.
Поранешниот премиер Никола Груевски е очигледно нервозен. Во саботата одржа говор во кој индиректно ги нападна ЕУ и САД и забрани било какво мешање од странски амбасади. Во нападно агресивен тон, тој најави дека неговата партија ќе се бори против влијанието на невладините организации кои се финансирани од Џорџ Сорос. Европската Комисија соопшти дека е загрижена поради ‘растечката негативна реторика’“.
„Груевски, притоа, се соочува со критики и од сопствената партија. Не е исклучено дека опозицијата ќе успее да обезбеди мнозинство. Албанскиот премиер Еди Рама деновиве се обиде да изгради коалиција меѓу партиите на Албанците и СДСМ.
Реформската партија на Албанците, Беса која постигна солиден успех на изборите веројатно повеќе би сакала да остане во опозиција. Напролет се закажани локални избори, на кои како опозициска партија ќе има поголеми шанси. А и многумина сметаат дека новата влада нема долго да издржи“, пишува Стандард.
Австриската новинска агенција АПА ја пренесува веста за објавените некролози на странските амбасадори во Македонија и јавува за заканите на Груевски.
„Шефот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер Никола Груевски, претходно ги обвини западните дипломати за мешање во внатрешни работи на земјата. Тој рече и дека неговата партија ќе бојкотира евентуално прегласување на изборите на едно избирачко место“, пишува АПА.

Мендух Тачи. избори Никола Груевски Сашо Мијалков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.