Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден: Напуштањето на Авганистан беше најдобрата одлука на САД

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 1, 2021 08:27

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати до нацијата на крајот од најдолгата војна што ја водеа САД и уште еднаш ја објасни својата одлука да стави крај на 20-годишниот американски ангажман во Авганистан.

„Не сакав да ја продолжам вечната војна и не сакав да го продолжам вечниот излез од војната…Искрено можам да ви кажам дека сум убеден дека ова е добра, мудра одлука, најдобра одлука за Америка“, рече Бајден.

Претседателот на САД ја презеде одговорноста за таквата одлука и рече дека не се согласува со критиките дека постоел подобар начин за евакуација на Американците и цивилите.

„Некои сега велат дека евакуацијата требало да почне порано или дека може да се спроведе на поуреден начин. Го почитувам тоа, но не се согласувам. Метежот на аеродромот би создал без оглед кога ќе започне повлекувањето“, рече Бајден.

„Замислете декасме ја започнале евакуацијата во јуни или јули, донесовме илјадници американски војници и евакуиравме повеќе од 120.000 луѓе среде граѓанска војна. Би имало метеж, уривање на довербата во владата и ситуацијата ќе стане тешка и опасна мисија. Нема евакуација на крај на војна што можете да ја водите без сложеност, предизвиците и заканите со кои се соочивме“, посочи тој.

Бајден рече дека 90 проценти од Американците кои сакале да го напуштат Авганистан успеале да се евакуираат и додаде дека има меѓу 100 и 200 американски државјани кои се уште сакаат да ја напуштат земјата.

„Нема рок за преостанатите Американци, ние сме решени да ги извлечеме доколку сакаат да го напуштат Авганистан“, нагласи тој.

На почетокот на важниот говор пред Американците, Бајден го посочи успехот на евакуацијата, како што рече најголема воздушна операција во историјата.

„Американските војници, дипломати и разузнавачки професионалци ги ризикуваа своите животи не за професионална корист, туку за да им служат на другите, не во воена мисија, туку во мисија на солидарност“, рече Бајден.

Тој исто така изјави дека нацијата никогаш нема да може да го врати долгот кон семејствата на 20 повредени војници и 13 херои кои го дадоа животот за време на евакуацијата и самоубиствените напади извршени од ИД.

Објаснувајќи ја одлуката за повлекување на војниците до 31 август, американскиот претседател рече дека постои претпоставка дека авганистанските сили, кои САД ги обучуваа и финансираа со години, ќе одолеат на граѓанската војна со талибанците и дека авганистанската влада ќе преживее за некое време.

„Таа претпоставка се покажа како неточна“, рече Бајден.

Тој, исто така, потсети дека претходната администрација на претседателот Доналд Трамп постигнала договор со Талибанците за повлекување на американските војници и дека неговата администрација чекала 1 мај како краен рок за повлекување.

„Имавме два избори – да ги почитуваме обврските преземени од претходната администрација или да испратиме илјадници дополнителни војници и да ја прошириме војната“, рече Бајден.

Бајден, исто така, рече дека не верува дека безбедноста на САД ќе се подобри со распоредување илјадници војници во странски земји и трошење илјадници милијарди долари.

„Тероризмот се менува, се шири и во други земји, нашата стратегија исто така мора да се промени.Можеме да извршиме напади врз терористи без американски војници на теренот“, рече тој.

На терористите на ИД во Авганистан, групата ИСИС-К, американскиот претседател им порача: „Се уште не завршивме со вас“.

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна.

Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан: 70 проценти од демократите го поддржуваат, но републиканците – само 34 проценти.

Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна.

Американската војска преговараше за таен аранжман со талибанците според кој членовите на организацијата придружуваа групи Американци до влезот на аеродромот во Кабул за да бидат евакуирани од Авганистан, потврдија двајца американски одбранбени претставници за Си -Ен -Ен.

Еден официјален претставник исто така откри дека американските сили за специјални операции поставиле „тајна порта“ на аеродромот и формирале „позивни центри“ за да ги водат Американците низ процесот на евакуација.

Авганистан Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.