Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балфур: Можно е руско мешање во кампањата за референдумот

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 26, 2018 12:53

Роза Балфур, експерт за проширување во Германскиот Маршалов фонд (German Marshall Fund – ГМФ) предупредува дека сите сили во општеството, вклучително и новинарите, треба да вложат напор за справување со можната руска вмешаност во референдумската кампања.

Во интервју за МИА, Балфур објаснува дека, како и во други изборни кампањи, Русија најверојатно ќе се обиде да се вмеша преку ширење дезинформации и лажни вести.

– Новинарството треба цврсто да работи на проверка на факти, презентирање алтернативни аргументи, обезбедување анализи лесно разбирливи за читателот, да се кредибилни, да имаат извор, важно е да има мобилизација на сите категории кои се занимаваат со информирање и влијание врз јавното мислење. Ова се случува секаде, не само во Македонија, но се разбира Македонија работи врз покревки основи од консолидирани демократии. Но, тоа го видовме и во Велика Британија со кампањата за Брегзит. Мешањето беше огромно, и треба сите сектори на општеството да се мобилизираат. Ова не е нешто што може да се реши преку пасивност, вели Роза Балфур за МИА.

Договорот за Грција, вели таа, е историски пресврт за Македонија и за Грција, кој ќе постави пример за другите спорови во регионот. Според Балфур, би било добро кампањата за референдумот да ја поддржат европските лидери на највисоко ниво и да го вратат фокусот на регионот, кој долго време беше запоставен.

– Тоа што се случи на Балканот последните години, исто така, беше резултат на непосветувањето внимание од страна на западните дипломати. И сега се обидуваат да го поправат тоа, мислам дека имаше освестување за тоа дека, иако светот има многу проблеми, Балканот останува регион на кој му е потребен грижа и внимание. Мислам дека е јасно тоа, нагласува таа.

Балфур предупредува и дека доколку не помине договорот за името – дали на референдум, дали во грчкиот парламент, иднината ќе биде покревка за целиот регион.

– Што ако не успее референдумот? Има повеќе сценарија: едното е да продолжат работите по старо, а тоа е кревка, брутална политика во Македонија, која не исклучува имплозија. Ако остатокот од регионот не ги реши своите спорови, отсуството на договор во Македонија може да има ефект на прелевање во Албанија, Косово, може да потпали други нерешени, нестабилизирани спорови. Така што ризиците од влошување ќе бидат таму и ќе продолжат сѐ додека не се решени овие прашања. Поради тоа е уште поважно да се врати фокусот на успесите од овој договор и да се биде сигурен дека народот во Грција и Македонија разбира колку е важно, истакнува експертката за проширување.

Според Балфур, одлуката на Советот на ЕУ да и додели условен датум за преговори на Македонија е разочарувачка, но, таа објаснува дека мора да се прифати реалноста на Европската Унија дека таа е во криза и дека решавањето на кризите е од интерес и за самата Македонија, кога таа ќе стапи во Унијата.

Кризите во ЕУ несомнено ќе го забават процесот на проширување, додава таа,а земјите од регионот ќе поминуваат низ долг преговарачки процес, процес кој ќе треба да се реобмисли. ЕУ би требало да размислат за нов пристап во кој земјите кандидатки би добивале некакви придобивки од членството уште за време на самиот преговарачки процес, како на пример пристап до структурните фондови.

– Треба ова да се гледа како догорочен план. И се надевам дека ЕУ во иднина ќе почне да размислува за тоа како да го направи тој долгорочен план опиплив. Од визната либерализација, пред десет години, никој не смислил ништо кое би имало важност за граѓаните, и тоа треба многу скоро да се најде на агендата, вели Балфур за МИА.

Во интервјуто, оваа долгогодишна експертка за проширувањето и Балканот зборува и за иднината на Европската Унија, ситуацијата помеѓу Косово и Србија и ризиците кои ги носи новата американска администрација за регионот и за светот.

Балфур Германски маршалов фонд Договор со Грција референдум Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.