Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балканските лидери се заложија за единствен економски регион

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изградбата на коридорите 8 и 10 е дополнителна можност за раст и развој на регионот на Западен Балкан, како и за приближување на регионот кон ЕУ, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Софија на премиерите од регионот, во рамки на Меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, чиј домаќин е Светска Банка.

Светска банка соопшти дека ќе поддржи Проект за олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан во вкупна вредност од 150 милиони долари, оценувајќи дека бенефитот за државите од Западен Балкан ќе биде во вкупна вредност од една милијарда долари.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, ја поздравил поддршката на Светска Банка на регионалната соработка и додал дека присуството на Конференцијата во Софија, на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, е порака за важноста на регионот за ЕУ, којшто треба сега да одговори на очекувањата.

– Претстојното претседателство на Бугарија со ЕУ испраќа охрабрувачка порака целиот регион да даде резултати, преку исполнување на очекувањата на ЕУ во делот на напредувањето на Балканот што е интерес на сите. Олеснувањето на протокот на стока и патници ќе биде сериозно олеснување за граѓаните и за бизнисот. ИТ поврзувањето на граничните премини ќе значи модернизација и можност нашите граѓани да се почувствуваат еднакви со граѓаните од Европа, истакна претседателот на македонската Влада.

Посочувајќи дека мораме да ги направиме комплементарни нашите економии, наместо да бидеме конкуренти, Заев рече дека на тој начин регионот ќе се поврзе економски и ќе биде попривлечен за европскиот и светските пазари.

Главната извршна директорка на Светска Банка, Кристалина Георгиева објасни дека му помагаат на регионот подобро економски да се поврзе преку проектот што ќе овозможи еден шалтер на граничните премини преку кој ќе се одвива полесно трговијата и протокот на луѓе, разработен систем за заедничка контрола, со цел подобра безбедност, како и квалитетни патишта во рамки на финансиската поддршка за инфраструктурата.

Порака за единствен економски регион со цел да се унапреди економскиот потенцијал на земјите од Западен Балкан испрати и еврокомесарот Хан кој посочи дека на тој начин ќе се намалат побрзо економските разлики со ЕУ, со цел доближување до ЕУ и посветување на сите други критериуми потребни за негова интеграција.

Еврокомесарот Хан повтори дека Европската Комисија ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Сите премиери од државите од Западен Балкан го поддржаа интензивирањето на регионалната соработка и ги поздравија заложбите на Република Бугарија, како идна земја претседавач со ЕУ, за европски перспективи на целиот Западен Балкан.

Премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов повика минатото да им се остави на оние кои им е работа да се занимаваат со тоа и актуелните политички раководства на државите да се посветат на перспективите и на иднината на матичните држави и на регионот.

Конференцијата „Посилна регионална интеграција на Балканот“ продолжи со поконкретни дискусии на темата гранично олеснување и дигитални олеснувања за подобра економска соработка на Западен Балкан, поддржано од Светска Банка и од Европската Унија.

Заев конференција Светка банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.