Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бардот Бајруш Мјаку со драмата „Татко“ ја заокружи кариерата долга 53 години

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2026 21:24

Со драмата „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на реномираниот македонски  режисер Иван Поповски, одиграна вчеравечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на „Охридско лето“, големиот актер и бард на македонското глумиште, Бајруш Мјаку, ја заокружи својата плодна кариерата долга 53 години.

Претставата, која донесе извонредна актерска игра на сцената, е во продукција на „Театарот на еден актер“, сценографијата е на Енес Деари, а костимограф е познатиот моден дизајне,р Изет Цури.

 Одлуката да го реализирам овој проект, односно да ја заокружам мојата 53-годишна уметничка кариера, беше болна исто толку колку и ликот на таткото во драмата „Таткото“ од Флоријан Зелер, кој во поодмината возраст боледува од болеста на заборавањето – Алцхајмер. Главниот во семејството, таткото, ја губи сопругата и останува сам со својата ќерка. Во сообраќајна незгода умира и таа, но таткото, поради болеста, не знае и ја чека да се врати. На крајот, и тој им се придружува. Покрај исклучителната театарска вредност на текстот, сметам дека со овој материјал отвораме едно мошне актуелно прашање што го зафаќа целиот свет и сè повеќе ни се приближува – Алцхајмеровата болест, вели актерот Мјаку.

Со овој театарски проект во кој глумат и актерите Амернис Нокшиќи, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати и Флакрон Алији, тој го заокружува своето 53-годишно патување во светот на уметноста.

Оваа соработка со режисерот Поповски, пак, се случува повторно по цели 25 години откако работеле заедно на „Дневникот на лудиот“ од Гогољ.

Ова ми е десетти проект со продукцијата. Инаку, сите што сум ги реализирал досега, почнувајќи од „Дневникот на лудиот“, се покажаа како мошне успешни. Единаесетти проект ќе биде телевизискиот филм „Татковите книги“ од покојниот Луан Старова, во режија и по сценарио на Русомир Богдановски, појаснува Мјаку.

Независната продукција „Театар на еден актер“ – Скопје е една од најуспешните независни продукции во Македонија. Нејзините претстави досега се одиграни на бројни културни сцени во светот: Париз, Виена, Москва, Санкт Петербург, Киев, Истанбул, Адана, Кишињев, Скиен (Норвешка), Улан Батор, Њујорк и во многу други градови.

Бајруш Мјаку е роден во Качаник, во 1952 година. На средината од шеесеттите, тој дошол во Скопје и тука завршил гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Уште како средношколец почнал да статира и да игра некои улоги во тогашната Албанска драма, при Малцинскиот театар. Во Приштина студирал драмска уметност при Вишата педагошка школа. Професионален глумец станал од 1973 година. Во 2014 беше добитник на наградата „Ристо Шишков“ за најдобар актер. Во 2019 година, Мјаку ја доби наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, додека во 2023 беше награден со Орден за заслуги за Република Македонија.

Мјаку е познат не само по театарските улоги туку и по улогите во телевизиските серии „Волшебното самарче“, „Наше маало“, „Солунски патрдии“, „Трст виа Скопје“, „Бог да ги убие шпионите“… и филмовите „Самоуништување“, „Вујко Вања“, „Илузија“…

Инаку, со „Татко“ започна драмската програма на 66. „Охридско лето“, а наредна претстава е „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел,

а во изведба на Народниот театар Битола, која премиерно ќе се одигра вечерва (15 јули) во 21:30 часот, во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид.

 

 

бајруш мјаку драма лето Охридско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.