Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баросо ќе работи во банка која и помогна на Грција да го излаже Брисел

0
By Нова ТВ on July 11, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 11, 2016 17:23

Хозе Мануел Баросо, поранешен претседател на Европската комисија (ЕК) во текот на десет години од 2004 до 2014 година, ја прифати понудата на Голдман Сакс да работи за оваа американска бизнис банка.

Веста предизвика лавина незадоволни реакции во ЕУ. Особено околу фактот што оваа банка и помогна на Грција да поднесе лажни информации за својата финасиска ситуација во периодот кога Атина стана член на евро-зоната. Познато е дека овој фалсификат ја доведе Грција во ситуација на банкрот и таа е во основата на големата криза низ која минува оваа земја. Оваа ситуација ја доведе на работ на опстанок и целата евро-зона.

Освен тоа, Баросо во Голдман Сакс ќе добие огромна плата додека истовремено тој се уште прима апанажа како поранешен прв човек на ЕК која изнесува 15.000 евра што е 60 отсто од платата на претседателот на извшрното тело на ЕУ.

ЕК денес не сакаше да ја коментира оваа одлука на Баросо. Портпаролот на Комисија рече дека поранешните комесари мораат да известат во какви ангажмани влегуваат во текот на 18 месеци но потоа се ослободени од оваа обврска.

Според портапаролот, Баросо по телефон го известил сегашниот претседател на Комисијата за намерата да и се придружи на оваа банка. Но Жан-Клод Јункер не сакал да го коментира овој чекор на Баросо.

Оваа банка исто така е еден од актерите во финансиската криза од 2008 година.

Синдикатот на европските функционери реагираше на оваа номинација и во отворено писмо ги повика актуелните комесари во Брисел да ја осудат оваа одлука на Баросо која е “несоодветна”, вели синдикатот.

“Оваа номинација е во служба на личните финансиски интереси на поранешниот шеф на извршното европско тело и отвора етички прашања. Особено ако се сетиме дека Х.М. Баросо беше претседател на ЕК во текот на кризата од 2008 година која беше банкарска криза во која Голдман Сакс играше важна улога”, вели писмото на синдикатот.

Баросо Голдман Сакс Европска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.