Јована Тренчевска: Настани од денешниот ден:
. ДПМНЕ во хистерија од свечениот пречек на Артан Груби. Договорот со ДУИ е очигледен! Ама мислеа народот можат да го потценат!
. Не се намалија платите на функционерите, и покрај лагите на власта за намалување од 13.000 денари. Не се намалија, туку со намалување на коефицентите останаа исти. И понатаму како функционери ќе имаме плата од 2000 евра наспроти 400 евра на работниците!
. ДПМНЕ и нивните сателити ВЛЕН и ЗНАМ не гласаа за минимална плата од 600 евра за работниците!
. Срамната одлука на Уставниот суд да не поведат постапка за губењето на правото на усогласување на пензиите на граѓани кои оствариле право на пензија овде, уплаќале придонеси овде, но живеат во друга држава!
Одлуки на Уставниот суд не се коментират!
Но само кога не се политички мотивирани! Кога работат независно!
Се чекаше да биде избран советникот на премиерот за Уставен судија за да има мнозинство и да си донесат ваква срамна одлука!
Ќе почекаме да видиме што одлука ќе донесат за замрзнувањето на нивните плати?
Баш ме интересира?
Извор: Фејсбук



