Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли: Македонија има реална можност наскоро да се приклучи кон НАТО

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога зборуваме за земјата денеска во споредба со минатото, порача американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на трибината „НАТО и ти“, организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада по повод Денот на Алијансата – 4 Април.

– Што значи членството во НАТО за Македонија и за нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, пријател, сосед со останатите земји членки. Денеска кога се одбележуваат 69 години од потпишувањето на Вашингтонскиот договор нагласи дека Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите прва и слободи, демократијата и владеењето на правото.

Според Бејли, ниското ниво на владеењето на правото земјата ја прави ранлива за корупција, но и за внатрешни и надворешни непријатели.

Додаде дека влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешните политички поделби во земјата. Нагласи дека е потребно системските реформи што се воведуваат во Македонија да не останат само на хартија, односно законите што се носат во Парламентот понатаму практично да се имплементираат.

На трибината се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која напомена дека членството во НАТО е од особено важност поради тоа што земјата ќе стане дел од светски најмоќниот економски сојуз што ја негува демократијата и е гарант за безбедноста за неговите членки. Напомена дека на листата на земји со највисок квалитет на живот од вкупно 10, првите осум се членки на НАТО.

Шекеринска додаде дека влезот во НАТО ќе го овозможи непречениот економски напредок на земјата, а ќе биде гаранција за нејзината натамошна демократизација.

-Изминатите 10 месеци покажавме дека демократското ткиво во Македонија не е загубено. Доколку ги вклучите телевизорите повеќе нема да видите пропаганда. Владата не бега од дискусии и воведува политика на транспарентно работење, рече министеркта за одбрана.

 

Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје морнаричкиот капетан Горазд Бартол даде краток историјат за функционирањето на Алијансата, за нејзината континуирана трансформација во обидите да се прилагоди за новите предизвици. Напомена оти од 2001 година по терористичкиот напад на 11 септември НАТО е влезена во фаза на кризен менаџмент. Додаде дека  новонастанатите околности глобално во светот укажуваат  на поврзаноста на заканите во кој било дел и оти се е поврзано. За сето тоа придонесува и новата технологија што, според него, не секогаш се употребува на правилен начин.

Бејли НАТО Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.