Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли: Во една демократија нема место за закани кон новинари

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 14, 2018 14:40

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли денеска  ги осуди актите на насилство и закани кон новинарите, поврзани со функционерот на ДУИ, Бекир Асани и неговиот брат, Бејтула Асани.

-Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари, во една демократија нема место за вакви нешта, кои ја попречуваат борбата за слобода на изразување и слободата на медиумите – рече Бејли,  одговарајќи на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.

Во контекст на ова, Бејли се осврна и на неодамнешното убиство на словачкиот новинар Јан Куцијак и на неговата девојка.

– Понекогаш гледате до каде можат да одат работите, имајќи ги предвид неодамнешните немили настани во Словачка. Тоа е нешто што треба да загрижува и тука во Македонија, но и во целиот свет. Истовремено првичните инцидентите кои доведоа до оваа ситуација многу кажуваат за состојбата на неказнивост и многу е важно лидерите да се придржуваат до високи стандарди во поглед на владеењето на правото – рече Бејли.

Минатата недела Бејтула Асани му упати закани на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмaни, откако тој на Фејсбук напиша дека „правната држава потклена пред еден силеџија подржан од  ДУИ“.  Реакцијата на Селмани следеше по инцидентот во кој  функционерот на ДУИ, Беќир Асани нападна полициска службеничка која им асистираше на пајак-службите додека му го кревале возилото поради непрописно паркирање.

Веднаш по заканите на Бејтула, повторно реагираше Селмани дека нема да биде замолчан, по што следуваше интервју на Бекир Асани за Мактел, во кое претседателот на ЗНМ го нарече „копиле“ и „дно“.

Поради заканите кон Селмани, новинарите во понеделникот, неделава излегоа на протест пред Владата.

Двата случаи, за инцидентот со полицајката и заканите кон Селмани се во Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да донесе одлука дали ќе отвори истрага против Бекир и Бејтула Османи.

 

 

Бејтула Асани Бекир Асани закани новинари осуда Џес Бејли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.