Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бекам го популаризираше фудбалот во Америка, сега доби и свој клуб

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколку години работа, бирократија и разни компликации, фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби дозволата да има свој тим во Американската фудбалска лига МЛС.

Неговиот тим ќе биде базиран во Мајами, Флорида.

„Нашата мисија да имаме МЛС тим во Мајами сега е реализирана и ние сме задоволни, благодарни и возбудени“, изјави Бекам во присуство на комесарот на лигата, Дон Гарбер, најавувајќи ја новата фудбалска франшиза.

Тимот на Бекам ќе биде поддржан со парите на бизнисмените Жорге и Хозе Мас, продуцентот Сајмон Фулер и сопственикот на СофтБанк, Масајоши Сон.

За сега нема најави за дресовите и амблемот на клубот.

Познато е дека клубот ќе настапува на стадион со капацитет од 25.000 седишта во Мајами.

Дејвид Бекам настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Милан а во меѓувреме помина пет години во Лос Анџелес Галакси.

Трансферот во Галакси го направи во 2007 година и е еден од најодговорните за популаризирање на овој спорт во Америка, каде што кошарката, бејзболот, рагбито и хокејот се најпопуларни спортови.

Бекам дефинитивно важи за почетник на кревање на нивото на гледаност на овој спорт во САД, а по него светските фудбалски легенди почнаа да прават трансфери во МЛС главно да ја завршат кариерата.

По Бекам, во САД се преселија и шпанскиот голгетер Давид Виља, легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, италијанскиот виртуоз Андреа Пирло, најдобриот англиски лев бек изминативе години, Ешли Кол, легендата на Ирска, Роби Кин, а кариерата си ја воскреснаа и некогаш заборавените фудбалери Бредли Рајт Филипс, Обафеми Мартинс и Себастијан Џовинко.

 

Америка Дејвид Бекам Лос Анџелес Галакси Мајами МЛС фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.