Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши и Деспотовски во Брисел- Потпишан договор за нова инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево

0
By Соња Крамарска on May 22, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering (АBЕЕ)“ ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево.
Вкупната инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места.
Договорот за  реализација на инвестицијата денеска во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор, АБЕЕ, Нешин Омар.
На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Министерот за економија Крешник Бектеши му честиташе на менаџментот на ТИРЗ за успешно завршена работа во делот на привлекување на нови инвестиции.
„Она што е важно да се каже за оваа инвестиција на компанијата АБЕЕ е што ќе се реализира во зоната во Кичево и во сите фази ќе бидат отворени 600 работни места. Тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворање на нови висококвалификувани и високоплатени работни места не само за локалното население туку и за целата земја”, кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека исто така од голема важност е тоа што кадарот кој што ќе биде вработен во фабриката во Кичево ќе помине на процес на обука за воведување на нови технологии и примена на високо технолошки работни процеси кои што ќе се имплементираат во фабриката на АБЕЕ во Кичево.
„Не застануваме тука, во завршна фаза се преговори за нови инвестиции во земјата кои ќе значат ќе нови вработувања и развој на целокупната економија”, кажа Бектеши.
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски изрази задоволство за потпишувањето договор со компанија која е активна во индустријата на 21 век – електрични возила.
„Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе“, рече Деспотовски.
Сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар рече дека е воодушевен што влегува во ова партнерство со Северна Македонија.
„Овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ и е потврда на нашата заложба за изнаоѓање на технолошки иновации и решенија за енергетска одржливост. Убедени сме дека оваа фабрика ќе придонесе за економскиот раст на Северна Македонија  и уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за батериски менаџмент системи”, посочи Омар.
„Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производството се планира да започне во 2024 година, а производниот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно. Дополнително оваа компанија планира да развие и нова палета на производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ.
„Авеста Батери и инжинеринг“ е инженерска компанија специјализирана за изнаоѓање напредни иновативни решенија за батерии и батериски системи за автомобилски и стационарни апликации.
Брисел Договор Јован Деспотовски Крешник Бектеши ТИРЗ Кичево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.