Нивото на невработеност е помало од 16% , а во 2017 беше 24% . Минималната плата од 9 се искачи на 15,200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија, рече министерот Крешник Бектеши, гостувајќи на емисијата „Топ тема“.

Тој најави дека минималната плата по Нова година ќе се зголеми на 18.000 денари.

– Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22,23 илјади, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор… Само мининалната плата е зголемена за 100% за 4 години, колку што не е направено години наназад, истакнува Бектеши.