Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши на Министерски совет на Енергетската заедница во Белград: Северна Македонија ја прави првата енергетска транзиција како пример за земјите од Западен Балкан

0
By Mirjana on November 30, 2021 ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши ги претстави превземените активности на полето на енергетиката во Северна Македонија на 19. Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Белград, Србија како земја претседавач со Енергетската заедница во 2021 година.

На состанокот на Енергетската заедница со министерот Бектеши учествуваше и заменик-министерката за животна средина Христина Оџаклиевска.

Со состанокот претседаваше потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

На состанокот беше истакнат напредокот на Северна Македонија во енергетскиот сектор, пред се во делот на спроведувањето на законодавството на Енергетската заедница, односно усогласувањето на националната регулатива со европската легислатива.

Министерот Бектеши на состанокот информираше дека Владата активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот потенцираше дека еден од најзначајните сектори за развој на економијата, а приоритетите на Владата се обезбедувањето на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.

Ги презентираше успешните резултати посебно во делот на практичното спроведување на првите аукции за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски централи, процес кој беше поздравен од сите меѓународни институции.

Министерот информираше дека во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи, и 100 мегавати во Осломеј по пат на јавно приватно партнерство кој ќе го заменат РЕК „Осломеј“.

Првата фотонапонска електрана на „ЕСМ“ во Осломеј од 10 мегавати е готова, значи станува збор за 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на „ЕСМ“, ја правиме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана, што е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа.

„Донесовме Закон за стратешки инвестиции, според кој веќе неколку сериозни инвеститори ќе реализираат големи проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана,  „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција за изградба на најголемиот соларен парк од 350-400 MW во земјата. Ова за нас е показател дека добро сме ги сработиле реформите, сме ја донеле потребната легислатива и сме создале услови за инвестирање, тоа е суштината на постоењето на владите и администрацијата, да создадат фер услови за сите“ информираше министерот Бектеши на состанокот на Енергетската заедница.

Примената на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките на реализацијата и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година.

И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности  и  правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите.

На состанокот се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, клима, енергетска ефикасност, животна средина. На крајот преку гласање на сите земји беше назначен Артур Локовски за нов директор Секретаријатот на Енергетска заедница.

По завршување на Министерскиот состанок министерот Бектеши оствари билатерална средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

На средбата беше изразена поддршката на двете земји за зголемување на соработката во енергетскиот сектор преку проекти за регионално поврзување. Министерот Бектеши истакна дека зголемувањето на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Србија е од клучна важност за растот на економиите на двете земји.

 

 

Бектеши Белград енергетска заедница Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.