Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Неделава ќе се знае кои производи поевтиниле

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната изјава на министерот за економија пред новинарите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 15, 2022 12:22

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека оваа недела ќе бидат направени анализи во супермаркетите и кај производителите, по што јавноста ќе биде известена на кои производи им се намалени цените.

Бектеши рече дека во наредните 10 дена се очекува да почнат поевтинувањата на основните прехранбени производи.

„Ние претходната недела направивме анализа, а во текот на оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите. Освен тоа што го правиме преку производителите кои се домашни, веќе на дневна база ги добиваме податоците на цените на увозот за производите кои се наведени во одлуката на Царинската управа. Во текот на оваа недела ќе ве известиме и во делот на процентот на намалување, за производите кои ги намалиле и компаниите кои тоа го направиле“, рече Бектеши пред почетокот на бизнис-настанот „Субекс“.

Министерот за економија посочи дека нема да дозволат злоупотреба на кризата врз грбот на потрошувачите и информира дека инспектори на Државниот пазарен инспекторат веќе изрекле неколку казни.

„Државниот пазарен инспекторат работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите и интензивирани се сите контроли. Вчера директорката најави дека се изречени неколку казни. Нема да дозволиме да има злоупотреба на кризата врз грбот на потрошувачите“, рече Бектеши.

Намалување на основните прехранбени производи министерот за економија најави на 10 ноември на брифинг со новинарите. Тогаш Бектеши рече дека ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто.

„Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи“, нагласи на брифингот Бектеши.

Тој тогаш наведе и дека ако суровините останат на истите увозни цени, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања.

 

Крешник Бектеши поевтинување на цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.