Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Нема поскапување на лебот, ниту пак ќе има недостиг на храна

0
By Biljana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 1, 2022 14:54

Нема покачување на цената на лебот, тврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши информираше дека од денеска почнува да се применува мерката за ограничени маржи кво трговијата на големо и мало, почнувајќи од производството па се до крајниот потрошувач.

„Од утрово постојано сме на терен. Констатиравме дека во најголем дел од маркетите цената на белиот леб и натаму се движи помеѓу 25 и 27 денари и не е забележано покачување на лебот“, вели Бектеши. Изјавата доаѓа по најавите на дел од производителите дека цената на лебот од денеска ќе се покачи за пет денари.

Министерот вели дека инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат вршат контроли кај трговците на мало, а оние кои кај кои ќе биде констатирано прекршување на одлуките на Владата ќе бидат санкционирани.

„Празните полици кај некои од трговците не се последица на некаква паника од страна на потрошувачите. Она што го утврдивме е дека некои од трговците  сами ги повлекле производите во текот на викендот, со цел денеска повторно да ги вратат на полиците но со нови цени. Тие трговци ќе бидат санкционирани, ако мислат дека на таков начин може да манипулираат и со институциите и со потрошувачите. Покрај санкции, ќе подлежат и на редовни инспекциски контроли“, рече Бектеши и ги смири граѓаните дека ценовни шокови нема да има.

Тој ги повика трговците да ја почитуваат одлуката на Владата, бидејќи како што рече никој нема да загуби, а најмногу ќе добијат потрошувачите.

„Во делот на месото има мало зголемување на цените. Оправдувањето било дека овие производи биле преработени во нашата држава, а не дека се продава како месо од увоз, што не е точно. Нашите насоки до овие трговци е да ги вратат назад цените во рамки на она што е предвидено од страна на надлежните институции. Нема да дозволиме манипулативно да се зголемуваат цените, врз неосновани тврдења за наводни трошоци за преработка кои не се вистинити“, децеден е министерот.

Тој вели оти стоковите резерви и кај трговците и кај државата се стабилни и оти недостиг на храна нема да има. Министерот смирува дека актуелната ситуација во Украина нема директно да влијае врз нашата економија.

Според Бектеши, одлуката на Владата се носи со цел да не се презивика ценовен шок, односно зголемување на цените во маркетите, а министерот верува и дека дел од цените дополнително ќе бидат намалени.

Со најновата одлука на Владата, која стапува на сила денеска, се определува највисоката трговска маржа и тоа до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало. Листата на прехранбени продукти е проширена со овошје и зеленчук.

Од денеска маржите се ограничуваат за лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.

Новата одлука, ќе важи до 31 мај годинава.

Во меѓувреме, веќе не е на сила владината одлука за замрзнати цени кај основните прехранбени продукти, која беше донесена на 5 декември.

(Б.Б.)

Крешник Бектеши Прехранбени производи раст на цените
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.