Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Почнуваат засилени контроли на квалитетот на горивата и со мобилна лабораторија

0
By НОВА ТВ Balaban on May 30, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со државна мобилна лабораторија почнуваат засилени контроли на квалитетот на горивата во земјава. Државниот пазарен инспекторат од денеска започнува со вонредни контроли и на течните деривати и тоа при влезот во државата и во малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши

Тој нагласи дека целта е да се заштитат потрошувачите  од можни манипулации, но и  да се заштити животната средина, а дека проверките на терен покажале нерегуларности при увозот на мазут во земјава, но целосниот извештај ќе биде презентиран во вторник.

– Како што најавивме, во моментот, заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за дистрибуција на сомнителен мазут. Крајниот рок кој им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. Доколку не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати, документите ќе им ги предадеме на Јавното обвинителство, рече Бектеши.

Тој рече и дека мобилната лабораторија две години не се користела.

Од ДПИ информираат дека денеска биле извршени три вонредни инспекциски надзори на бензинските станици, но не обелоденија во кои. Најавуваат дека контролата ќе продолжи.

– Денешните надзори се само почеток на вонредни инспекциски надзори и ќе бидат дел од приоритетите на нашата работа во наредниот период и ќе бидат спроведени на територијата на целата држава. Вршењето на инспекциските надзори од страна на инспекторите се во насока на контрола на квалитетот на горивата односно моторниот бензин и дизел горивото за што Мобилната лабораторија е акредитирана. Анализите се однесуваат на својствата на горивата пропишани со правилникот. Во план е овие контроли со мобилната лабораторија и во соработка со ЦУ да се вршат на влез на горивата во нашата држава, односно на нашата граница со цел да спречиме влез на несоодветен квалитет на горива во внатрешниот пазар, рече в.д. директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

Таа нагласи дека ДПИ, заедно со инспекторите, и таа како в.д. директор на овој инспекторат, максимално ќе се посветат на  работата, а граѓаните со сигурност ќе можат да сметаат дека квалитетот на горивата ќе биде безбеден.

 

Анета Симеска Димоска Горива ДПИ контроли Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.