Јован Костовскки продолжува во одличен ритам во белгиската фудбалска сцена. Македонскиот напаѓач го постигна единствениот гол за Леувен во победата на гости против Тубизе во меч од деветтото коло во второлигашката конкуренција.

Костовски погоди во 14 минута за 1:0, резултат што не се менуваше до крај на средбата. Беше дел од стартниот тим и ги одигра сите 90 минути. За него ова е четврти погодок во сезоната.