Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгискиот суд денеска одлучува за екстрадицијата на Пучдемон

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Карлес Пучдемон и четворицата министри на сменетата каталонска влада денеска ќе се појават пред белгиски суд, на прво сослушување заради евентуална екстрадиција на Шпанија.

Тоа ќе биде нивно прво сослушување откако белгиските власти ги пуштија да се бранат од слобода.

Обвинителот во Брисел претходно потврди дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати, по што ќе следува одлуката дали и кога ќе бидат испорачани на шпанските власти.

Пучдемон и поранешните каталонски министри имаат право да поднесат жалба на евентуалната одлука за екстрадиција. Кога ќе се исцрпат сите правни средства, во Белгија можат да останат до почетокот на следната година.

Канцеларијата на обвинителот потврди дека им е одредена мерка да не смеат да ја напуштат Белгија без судско одобрување, мораат да ја дадат својата вистинска адреса и лично да дојдат на сите судски сослушувања.

Против нив, како и против други девет членови на кабинетот, покренати се обвиненија за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на буџетски пари. Пучдемон и четворицата министри од неговата регионална влада претходно побегнаа во Белгија, не чекајќи ги обвиненијата.

Белгија Пучдемон Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.