Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиските компании скептични кон четиридневната работна недела

0
By Marija Todorovska on May 25, 2025 ЕКОНОМИЈА, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 25, 2025 10:56

Брисел: Само 2,85 отсто од компаниите во Белгија ангажираат работници според системот на четиридневна работна недела, покажуваат резултатите од истражувањето на белгиската агенција „Асерта Консалт“.

Станува збор за режим во рамки на Пилот-студија на белгиското Федералното биро за планирање, при кој вработените работат само четири дена во неделата, но со подолго работно време од осумчасовното и при што ја добиваат целата своја плата како да работеле пет дена во седмицата.

Сепак, истражувањето покажува дека во ваквиот систем на работа се вклучени само 0,8 отсто од сите вработени лица во Белгија.

 Моделот на четиридневна работна останува исклучок на нашиот пазар на трудот. Иако бројот на вработени кои се одлучуваат за овој режим се зголемува, нивниот удел сепак останува низок, изјави правната експертка во „Асерта Консалт“, Лизбет Геталс.

Според неа, ангажирањето во четиридневна работна недела значи дека работниците би требало во работните денови да минат повеќе од осум часа на своите работни места, што не е изводливо за секого и во секој сектор.

Геталс посочува и дека дополнително со покусата работна седмица работниците би останале без бенефициите што ги добиваат во петтиот работен ден во неделата.

Истражувањето покажува дека 39,2 отсто од компаниите со над 500 вработени имаат барем еден вработен со полно работно време кој е ангажиран според режимот од четири дена, додека таквата стапка во фирмите со од 200 до 500 вработени е 19,3 проценти.

Според Геталс, воопшто не претставува изненадување што режимот од работна недела од четири дена е почест кај поголемите компании, бидејќи тие обично имаат повеќе можности да обезбедат континуитет во работата.

Фактот што најголемиот дел од компаниите во Белгија се со помал број вработени, резултира со податокот дека само 2,85 од вкупниот број регистрирани претпријатија во земјата нудат можност за работа според режимот на четиридневна работна недела.

Ова, според Геталс, значи дека четиридневниот режим на работа се користи многу малку во Белгија.

Во истражувањето била анкетирани 224.000 работници ангажирани со полно работно време во околу 20.000 приватни белгиски компании.

Истражувањето е спроведено во очекување на објавувањето на резултатите од Пилот-студијата за четиридневната работна недела од страна на Федералното биро за планирање. Пилот-студијата беше лансирана во ноември 2022 година врз основа на „Новиот работнички договор“ инициран од претходната белгиска Влада.

Белгија компании четиридневна работна недела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.