Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон изјави дека било спречено спроведувањето на сериозен напад откако бомбаш самоубиец кој планирал да детонира голема бомба предизвика само мала експлозија на железничка станица во Брисел.

По експлозијата, војската  веднаш реагирала и напаѓачот бил убиен.

Обвинителството соопшти дека се работи за терористички напад. Белгиските медиуми јавија дека напаѓачот бил 37 годишен маж од населбата Моленбек во Брисел.

Според белгискиот весник Ла Либре, застреланото лице носело ранец и самоубиствен бомбашки појас. Во весникот пишува дека лицето ја предизвикало експлозијата кога бил забележан од војниците на станицата.