Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Истражување на Институтот за општествени науки на Србија – Повеќе од 70 % испитаници не гледаат решение во актерите кои се власт или опозиција

0
By Zoran Ivanov on April 18, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот Институт за општествени науки спровел истражување на јавното мислење за студентските и граѓанските протести во државата при што е констатирано дека „повеќе од 70 отсто од испитаниците не гледаат решение во актерите кои се власт или опозиција“. Тоа во  изјава за ТВ Н1 го нагласи Невена Новаковиќ од тој институт, јави дописникот.

„Алармантно е на многу нивоа што немаме актер на кој му се верува, немаме актер на кој би му ја довериле власта, а во исто време имаме општетсвена криза што мора да се реши“, изјави таа.

Новаковиќ додаде дека според истражувањето опозицијата има поддршка од околу 20 отсто, а власта околу 6-7 отсто анкетирани.

Таа објасни и дека сите граѓани кои учествувале во истражувањето го гледаат како огромен проблем – проблемот со корупцијата, социјалната неправда, континуираните поскапувања и проблемите во образовниот систем.

„Разликата е во тоа што оние што не ги поддржуваат протестите, ги гледаат протестите како проблем. Протестите се единствената разлика меѓу двете групи, другите прашања беа нијанси“, рече таа.

Новаковиќ изјави дека и граѓаните кои не ги поддржуваат протестите го препознаваат проблемот со работата на институциите, односно дека имаат недоверба во нивната работа.

„Најинтересниот факт е дека имаме општество на кое сите гледаме на ист начин и ги препознаваме истите проблеми, сепак – како да живееме во паралелни реалности во однос на тие проблеми и општествената реалност“.

Таа посочи и дека резултатите од истражувањето покажале дека оние кои ги поддржуваат протестите се во најголема мера активни учесници.

„Повеќе од 72 отсто од нашите испитаници учествуваат физички во протестите, на различни начини – со потпишување петиции, донирање на факултетите. Додека оние што не поддржуваат, решението го гледаат во крајот на блокадите и во дијалогот со владините структури“, рече таа и додаде дека дел од нив како решение го гледаат распишувањето нови парламентарни избори.

„Особено е интересно што имаме група луѓе кои не ги поддржуваат протестите и кои во исто време немаат доверба во институциите“
Таа додаде дека „би било неверојатно некој да има недоверба во институциите и да ја признва корупцијата, а во исто време да верува во одржување избори и дијалог со властите“.
Доколку сега се одржат избори во Србија според неа – „излезноста би била исклучително ниска. Проблемот на младите што не излегуваат на избори не е поради незаинтересираност, туку поради недостиг на политички опции. Сепак, тоа не е  само проблем за младите туку и за голем број луѓе со оглед дека има голем процент (71 – 72 отсто) со недоверба во двете опции“.

 

власт истражување опозиција рејтинг Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.