Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Протест пред Владата на Србија – по студентите и професорите поднесоа барање за распишување избори

0
By Zoran Ivanov on May 23, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протест „Да ги одбраниме универзитетите“, организиран од студентите во блокада , иницијативата „Обединето образование на Србија“ и „Бунтовен универзитет“, почна попладнево пред Владата на Србија во Белград. На протестот се бара распишување вонредни парламентарни избори во државата, укинување на владината уредба „5/35“ за промена на структурата на работата на факултетите, распуштање на работната група за изготвување на новиот Закон за високо образование, напуштање на комерцијализацијата и ваучеризацијата на образованието.

Заради иднината на Србија, мора заедно да ги браниме јавното високо образование и универзитетската автономија. Запирањето на уништувањето на образованието во Србија е можно само со одржување вонредни парламентарни избори, се вели во заедничката најава за протестот на социјалните мрежи. Студентите и членовите на академската заедница изјавија дека денеска го бранат универзитетот, бидејќи без слободен универзитет „нема слободно општество“.

Академскиот пленум на сите наставници, соработници и истражувачи од територијата на Војводина поднесе петиција до Владата за распишување вонредни парламентарни избори, со намера таа да биде проследена до претседателот на Србија.

Во петицијата, која има 1.525 потписи, се бара од Владата да му испрати на претседателот образложение и предлог за распуштање на Националното собрание, а од претседателот се бара да го распушти парламентот и да распише избори за пратеници по добивањето на тој предлог.

Тие бараат од сите надлежни институции на Србија совесно и одговорно да ја извршуваат својата работа и да овозможат фер и чесни избори, се вели во петицијата.

Била изразена желба премиерот Ѓуро Мацут и претседателот Александар Вучиќ да ја примат петицијата, но тоа не се случило. Тие очекуваат дека властите ќе одговорат на петицијата што е можно поскоро и ќе распишат избори в понеделник, што -според нив е рационална одлука.

 

барање Белград избори професори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.