Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Протести на просветните работници – колони студентите од различни градови пеш се движат кон Ниш

0
By Zoran Ivanov on February 26, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред српското Министерство за образование во Белград се одржа протест на просветните работници од основните, средните училишта и од Универзитетот под мотото „Вие сте одговорни! Од вас зависи“.

Демонстрантите ги прочитаа и барањата на основните и средните училишта. Првото барање на основните училишта е да престанат притисоците и заканите кон просветните работници, како и да се повлечат сите мерки против наставниците кои штрајкуваат. Второто барање е итна примена на протоколот од 2023 година, кој се однесува на материјалната состојба на вработените. Третото барање е да се намали „непотребното административно работење во корист на образованието, а четвртото барање се однесува на измени на спорните членови од колективниот договор. Тие бараат и утврдување на репрезентативноста на Синдикатот, како и измени на Законот за основите на образовниот систем.

И средните училишта бараат итно прекинување на репресивните мерки против вработените во училиштата поради прекинот на работата. Бараат и измени и дополнувања на спорните членови од колективниот договор потпишан во 2025 година, потпишан, според нив од нерепрезентативните синдикати. Третото барање се однесува на деполитизација на Министерството за образование и избор на министри според професионалните надлежности. Исто така бараат и значително подобрување на материјалната положба на наставниот и ненаставниот кадар во образованието, како и воспоставување на репрезентативност на синдикатите.

На протестот пред Министерството за образование, просветните работници прочитаа заедничко соопштение во кое потенцираа дека главната одговорност за моменталната состојба во образованието е на ресорното министерство..

Во меѓувреме, студентите од различни градови на Србија тргнаа во уште еден марш кон Ниш, каде на 1 март ќе се одржи 18-часовен протест поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

 

Белград наставници Ниш протести студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.