Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: „Први мај не е празник – Први мај е ден за борба“! – во Србија заеднички првомајски протест на синдикатите и студентите во блокада

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1. мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија студентите во блокадата на официјалната веб-страница, тоа е чекор кон радикализација.
-„Повеќе не стоиме само во блокади. Ова е чекор кон радикализација што ќе овозможи нови форми на притисок“, нагласија студентите во блокада во врска со протестот што ќе се одржи на Денот на трудот.

Тие додадоа дека се борат „за правото на живот без страв, за работниците, за студентите, за сите нас“.
На официјалниот X профил на студентите во блокада на Факултетот за организациски науки, беше објавено дека протестот на 1 мај ќе биде подобар од најголемиот протест во историјата на Србија, одржан на 15 март.

Под слоганот „Први мај не е празник – Први мај е ден за борба!“, работниците и студентите ќе се соберат во 14 часот пред зградата на Владата на Србија во Белград, со цел заеднички да достават јасни барања до властите.

Обединетите синдикати на Србија „Слога“, Сојузот на независни синдикати на Србија, УГС „Независност“, АСНС, Конфедерацијата на слободни синдикати и иницијативата „Студенти во блокада“ ги повикаа граѓаните масовно да се приклучат на протестот.

Организаторите ги истакнуваат клучните барања: Нов, фер и праведен закон за труд; Достоинство, безбедност и солидарност на секое работно место; Крај на практиката на ниски плати, кршење на работничките права и живoт во несигурност.

Како што наведоа во нивниот повик за протест, студентите во блокадата истакнуваат дека Законот за работни односи и Законот за штрајк се темелите на системот на експлоатација, бидејќи, како што велат, денес тие ја штитат владата, а не работниците. Тие го гледаат тоа како корен на проблемот и веруваат дека мора да започнат со нивната промена.

„Поради сe, Први мај повеќе не е празник – тоа е ден на борба. Се гледаме на улица!“, порачаа Обединетите синдикати на Србија „Слога“.

 

Белград Први мај протест синдикати студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.