Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“ се собираат во центарот на градот но и пред седиштата на партијата на претседателот Вучиќ, Српска напредна странка чии членови ги провоцираат демонстрантите со навреди и па и со фрлање водени шишиња кон нив.
Српската телевизија Н1 постојано врши директни вклучувана на своите репортери од теренот, практично директен пренос од повеќе локации во Белград. Камерите пренесуваат и големо присуство на полицијата во целосна опрема вообичаена за вонредни ситуации.
Идентично е и во Нови Сад, главниот град на Војводина каде што вчера вечер се случија насилни инциденти меѓу демонстрантите и припадниците на партијата на власт Српска народна странка, СНС.
Вечерва демонстрантите ги демолираа празните партиски простории на новосадскиот огранок на владејачката СНС. Полицијата не интервенираше.
Во Нов Белград, меѓутоа, полицијата ги „покри“ протрестантите цо солзавец.