Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлинскиот процес се врати во Берлин, Ковачевски со порака дека ЕУ не е целосна без Западен Балкан 

0
By Соња Крамарска on November 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка, рече премиерот Димитар Ковачевски, на Берлинскиот процес во Берлин, Германија. Во состав на делегацијата се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.На дискусијата сите присутни изразија силна поддршка за членство на државите од Западен Балкан во ЕУ, со јасен став дека ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, присутните посочија дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, но е процес кој ќе обезбеди побрза интеграција на земјите од регионот.

Ковачевски на првата сесија рече дека денеска се исполнува клучен дел од обврските во рамките на заедничкиот регионален пазар, усвоени на Самитот во Софија пред две години, истакнувајќи дека сето ова е постигнато поради силната поддршка од владата на Германија, како домаќин на самитот на Берлинскиот процес, Европската комисија и интензивната комуникација на експертите и администрациите од земјите од Западен Балкан.

„Нашата меѓусебна политичка волја и посветеност за регионалната соработка е резултат на меѓусебно признаени интереси кои нѐ поттикнуваат да работиме на развој на заеднички регионален пазар и зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори“, истакна Ковачевски на сесијата.

Тој рече дека на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија им претстои сериозна работа, затоа што дојде време кога ќе треба да се испорачаат суштински постигнувања во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на економиите и на регионот, што ќе доведе до забрзан регионален економски раст и развој.


Ковачевски посочи дека Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ со заштитени идентитетски позиции, во тек е скринингот преку кој забрзано ќе се одвива реформската агенда на земјата, но исто така истакна и дека Унијата не е целосна без земјите на Западен Балкан и во таа насока треба да се интензивираат сите иницијативи кои ќе придонесат кон приближување на регионот до ЕУ.Самитот на Берлинскиот процес кој годинава се одржува во Берлин прв пат по 8 години, има за цел да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија во текот на денот покрај дискусијата за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, ќе дискутираат и за енергетската стабилност и трансформација на Западниот Балкан, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

С.К.

Берлински процес 2022 Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.