Претседателот Ѓорге Иванов претходно денеска се сретна со претставници на политичките партии БЕСА и Алијанса за Албанците. Генералниот секретар на БЕСА, Африм Гаши кој го придружуваше лидерот Билал Касами, по средбата не даде изјава за медиумите, туку кратко рече дека топката сега е префрлена во Собранието и оној кој ќе обезбеди парламентарно мнозинство, тој ќе формира влада.
Од партијата најавија дека својот став ќе го образложат во соопштение.