ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска формално ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, а за истата да помине потребни се 61 глас. Од Движењето Беса велат дека ќе ја поддржат интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Повеќе од јасно е дека по последните случувања во Собранието, особено по разрешувањето на пратеникот Фадиљ Зендели од Комисијата за избори и именувања, Талат Џафери несомнено дека нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе ја поддржат интерпелацијата но најважно е мнозинството да сфати дека ги измами граѓаните на земјава и затоа треба да одиме што поскоро на предвремени парламентарни избори“, велат од Беса.
Засега АА нема став дали ќе ја поддржи интерпелацијата.