Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БЕСА нема да го поддржи Талат Џафери за прв човек на Собранието

0
By Нова ТВ on March 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Движењето Беса нема да го поддржи Талат Џафери за претседател на Собранието, соопшти денес партијата.

“Движењето БЕСА ја информира јавноста дека нема да ја поддржи оваа кандидатура, бидејќи смета дека таа е наметната. Всушност, како што веќе сме најавиле претходно, ние сме имале наш предлог-кандидат со кредибилитет и без корупција, криминалност и прекршување на закон и ова го направивме во име на перспективата на земјата и на реформските и интеграциските процеси, но нашиот предлог не беше земен во предвид. Ова значи дека, пoмеѓу кандидат на БЕСА и на ДУИ, СДСМ одлучи да биде со ДУИ.”

Според нив, Џафери и неговата партија ДУИ не можат да донесат реформи во Македонија.

“Затоа не можеме да не истакнеме дека, според една албанска поговорка која вели „денот, по утрото се познава“, денес конечно паднаа маските да „реформска епоха“, за „уривање на режим“ и за „смена на курсот на земјата“. Бившиот министер на Никола Груевски, осудениот заради закана по смрт на службено лице во 2008 година, министерот кој, злоупотребувајќи ја својата службена должност, даваше хонорари по своја желба, за што доби сериозни забелешки и од Антикорупциската комисија на Р. Македонија, денес се предлага да биде прв човек што ќе остави белег на една реформска влада. Ако вака започнуваат реформите, тогаш можеме да се согласиме дека имаме погрешна перцепција за поимот реформа. Ако со ДУИ започнува првата алка на реформите, тогаш – ви благодариме – но, ние не сме за такви реформи”, вели Беса.

За Беса, ДУИ е партија која 10 години по ред му служела на Никола Груевски и заедно со него се главните виновници за оваа криза кои зад себе оставија монтирани политички процеси, сиромаштија, иселување, оддалечување од евро-интеграциските процеси, „Скопје 2014“ итн.

Беса додава дека останува посветена на “реформската агенда на земјата и на евро-атлантскиот курс на Македонија, за имплементација на Заедничката декларација на албанските политички партии, а – посебно – за имплементација на нашата платформа РЕДЕФИНИРАЊЕ, цврсто убедени дека таа е единствената агенда што овозможува Македонија да биде рамноправна, демократска, функционална и развиена држава”.

 

Беса ДУИ претседател на Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.