Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Стартува Гарантниот фонд – гаранции за кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни фирми

0
By НОВА ТВ on July 6, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 6, 2021 10:13

Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи. Договор помеѓу Владата и Развојната банка за издавање на гаранции преку Гарантниот фонд веќе е потпишан, а наскоро се очекува и потпишување на договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и штедилници, пишува во новото издание на билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Еден од инструментите во Планот за финансирање на заздравување и забрзан раст е Гарантниот фонд, преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема. Неодамна потпишавме договор со Развојна за Гарантниот фонд, од кој ќе се издаваат гаранции за новоодобрени кредити од банки и штедилници кои ќе им бидат од полза на микро, малите и средни претпријатија и на големите трговци кои вршат извоз, за непречено финансирање на тековните активности, како и на издржани бизнис проекти за купување на основни  средства. Наскоро се очекува и потпишување на договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и штедилници кои ќе пројават интерес за овој инструмент. Со обезбедувањето на гаранциите, сметаме дека ќе се охрабрат банките и штедилниците да ја зголемат понудата на поволни кредити за компаниите, а истовремено ќе се намали ризикот на нивниот пласман – наведува Бесими.

Преку Гарантниот фонд е предвидено да се издаваат портфолио гаранции за микро, мали и средни фирми и индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз. Со гаранциите ќе се гарантира за главницата на новоодобрени кредити за обртни и основни средства дадени од банки и штедилници кон приватниот сектор. За да станат дел од гарантната шема, банките и штедилниците, треба да имаат адекватност на капиталот од минимум 12%, позитивен финансиски резултат во последната година и кредитно портфолио кое најмалку 70% е класифицирано во А и Б категорија.

– За портфолио гаранциите, кои се наменети за микро, мали и средни трговски друштва, ќе се гарантираат кредити од 300.000 до 30.750.000 денари, со рок на отплата од една до 8 години со вклучен грејс период до 1 година за основни средства, и со рок на отплата од една до 3 години со вклучен грејс период до 1 година за обртни средства. Износот на гаранциите кај портфолио гаранциите е предвидено да биде до 80% од кредитите за обртни средства и до 50% од кредитите за основни средства. За индивидуалните гаранции кои се однесуваат на големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку 30% во вкупните остварени приходи, ќе се гарантираат кредити од 3.075.000 до 30.000.000 денари, при што износот на гаранцијата може да биде максимум до 50% од главницата на кредитот – вели Бесими.

Преку имплементирање на гарантната кредитна шема, како што посочува министерот, ќе се зголеми пласманот на кредити на банките и штедилниците, со што фирмите ќе имаат олеснет пристап до капитал, а со тоа ќе расте и инвестициската и економска активност.

гарантнен фонд Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.