Талибанците денеска го зазедоа стратешкиот град Газни, по што американските разузнавачки служби објавија дека Кабул би можел „да падне“ во рок од 90 дена на што се надоврза и Амбасадата на САД во земјата со порака до своите државјани веднаш да заминат.
Американската Амбасада ги повикува државјаните на САД веднаш да го напуштат Авганистан, користејќи ги достапните можности за комерцијалните летови, се наведува во безбедносното предупредување на дипломатското претставништво на САД во Кабул.
Притоа американската Амбасада нуди и заеми за купување на авионски билети доколку некому е потребно, но и помош за имигрантски визи за странски членови на семејствата.
Газни се наоѓа на 150 километри југозападно од Кабул, на античкиот автопат што поврзува Кабул со Кандахар, втор по големина град во Авганистан.